AEK: Трите мобилни оператори доставија понуди за 4Г

Сите три мобилни оператори кои работат во Македонија доставија понуди  за добивање одобрение за воведување нови услуги од четвртата генерација на мобилни комуникациски со почетна вредност од 10 милиони евра за секое од одобренијата, соопшти Агенцијата за електронски комуникации.

Јавното наддавање за доделување на три одобренија за користење на радиофреквенции кои според тендерската документација може да се користат за обезбедување на мобилни електронски комуникациски услуги од четвртата генерација, ќе се изврши на 10-ти идниот мецес во 12 часот.

- Услугите од четвртата генерација ќе им овозможат користење на мобилен широкопојасен интернет на корисниците во Македонија со висок квалитет, брзина и доверливост, по достапни цени, на пазар со развиена конкуренција, посочуваат од АЕК. 

најчитано сега