Тачи подготвен да оди во Белград и покрај најавите за негово апсење

Косовскиот министер за надворешни работи се надева дека ќе отпатува во Белград за да учествува на конференција за евроинтеграциите и покрај најавите за негово апсење, соопшти денеска неговиот советник Ардијан Арифај.

- Тачи доби покана и е подготвен да замине. Сега од властите во Белград зависи дали ќе отиде или не, изјави Арифај. 

Како што јави Танјуг, организаторот на конференцијата посветена на евроитеграциите на земјите од Балканот, невладината организација Младински одбор за образование, денеска соопшти дека Тачи го потврдил учеството на собирот.

Младинскиот одбор, со поддшка на британската Амбасада во Белград, од 23 до 25 април ја организира конференцијата „Европските интеграции на западниот Блакан: Заедно можеме подобро“, на која е најавено обраќање на 20-тина говорници. На собирот е најаевно присуство на официјални претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, како и на активисти од невладиниот сектор. 

Претходно, српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека потерницата по Хашим Тачи е се уште во сила во Србија, па од тие причини тој може да биде уапсен доколку дојде во земјата.

- Истрагата против Тачи е во прекин бидејќи е недостапен за српските истражни органи. Централата на Интерпол го стопираше важењето на потерницата по Тачи во другите земји со образложение дека станува збор за највисок албански функционер. Меѓутоа, во Србија таа е во сила, така што ако дојде овде ние можеме да го уапсиме, изјави Вукчевиќ за весникот „Блиц“.

Во врска со најавите дека шефот на косовската дипломатија ќе допатува на конференцијата во Белград, вчера се огласи и српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој изјави дека Тачи „нема потреба да доаѓа“.   

- Тој собир не го организира Владата на Србија. Јас не ни планирав да учествувам на собирот, така што не верувам дека е потребно Хашим Тачи да доаѓа во Белград, изјави 

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега