Варуфакис: Грција останува во еврозоната

Министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис изјави синоќа дека неговата земја е одлучна во намерата да остане во еврозоната и опти Владата во Атина одбива и да размислува за можноста од неа да излезе, пренесе МИА.

На прашање на форум во Вашингтон што Грција прави во разговорите  со кредиторите за да избегне Грекзит - излегување од еврозоната - Варуфакис рече дека неговата влада одбива да ја разгледува таа опција, пренесува Танјуг.

- Поигрувањето со Грекзит е крајно антиевропски, оцени Варуфакис во Брукингс институтот, пренесува Танјуг.

- Нашиот единствен разумен проевропски одговор е да го минуваме секој буден момент во обид да постигнеме чесен договор, изјави грчкиот министер.

Сепак, тој нагласи дека Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд треба да имаат основа за своите барања за реформи, бидејќи претходниот пристап кој подразбираше остри мерки на штедење не вроди со плод.

- Го пробавме тој лек, ама не дејствуваше, рече Варуфакис.

- Нема да се посветиме на цели за кои знаеме дека нашата економија не може да ги исполни, поради политиката која нашите партнери нема да сакаат да ја спроведат.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега