Нов закон: Работниците кои одат на пауза ќе земаат помала плата во Србија

Предлогот на новиот закон за работни односи во Србија, кој се уште е во фаза на јавна дебата почна да ја бранува јавноста. Во насока на прилагодување на законодавството кон она на Европската Унија владата размислува да го прифати предлогот на работодавците кои бараат укинување на платените паузи за ручек како и трошоците за превоз.
Тоа практично би значело дека оние кои одат на пауза ќе земаат помала плата.
Во Македонија работниците се уште имаат право на пауза и таа им е платена од работодавецот. Покрај тоа, македонските работници добиваат и регрес за годишен одмор кој лани беше во износ од најмалку 8500 денари.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега