ПОЗИТИВНИ БОМБИ: Доаѓаат низа странски инвеститори
Илјадници нови работни места ќе бидат отворени во Прилеп во капацитетите на новите инвестиции. Освен инвестициите кои ги најави вчера премиерот Груевски, инвеститори од повеќе земји и дејности, донесоа одлука да го прошират бизнисот во Македонија и да вработат голем број на македонски граѓани.
Премиерот Никола Груевски на вчерашниот масовен граѓански собир во градот најави нови инвестиции кои директно ќе им обезбедат егзистенција на илјадници македонски семејства, отворајќи огромен број на работни места.
-Да ги најавам германската фирма АКОМПЛАСТ која отвора фабрика за производство на компоненти за автомобилската индустрија, технологија со импрегнирање. Се работи за компанија која спроведува висока технологија, со почетна инвестиција од неколку милиони евра и 250 вработувања. Првите вработени ќе бидат пуштени овој месец, април-мај, на доусовршување во матичната фирма во Германија. И уште една најава, а тоа е за инвестиција на италијанската компанија која ја носи како и претходната министерот Бил Павлески се вика bizzi&buzzi која одлучи да инвестира во Прилеп во производство на расветни тела, и која на самиот почеток ќе вработи 50 лица, а во период од 2 години ќе вработи над 100 лица, изјави Груевски.
Уште дополнителни нови 2.000 вработувања во Прилеп беа најавени вчера од премиерот Никола Груевски во неговото обраќање пред граѓаните во Прилеп.
-Американската компанија за производство на етанол, кој самата објави планови за влез во Прилеп, се уште работи на подготовка на предусловите за да ја почне инвестицијата, која по реализацијата ќе ангажира околу 2.000 луѓе, истакна премиерот. Од октомври на Прилеп ќе почне да му се случува американскиот гигант во автомобилската индустрија Гентерм, кој со инвестиција од 20 милиони евра планира 2.000 вработувања. Ќе биде сместен во слободната зона која Владата ја гради и која од октомври ќе биде функционална, рече Груевски.
На народните собири кои изминативе недели го одржува владејачката партија, беа најавени уште илјадници нови работни места. Она што е најважно е дека новите фабрики ќе се отвораат во повеќе градови низ Македонија, а со тоа ќе се вработуваат илјадници Македонци од сите населени места.
Освен во Прилеп, Груевски најави и нова американска инвестиција од автомобилската индустрија во Тетово, во висина од 15 милиони евра и со планирани 2.500 нови работни места. Американската компанија „Амфенол“ веќе донесе одлука за префрлање шест свои дивизии во Македонија и тоа во ТИРЗ „Кочани - Виница“ каде ќе се остварат 2500 вработувања.
Американска компанија од областа на бизнис-услуги потпиша договор со Владата за отворање своја компанија во Македонија, во Скопје и во Битола, и отворање 2.000 нови работни места. Најавена е и нова странска инвестиција во Велес, која предвидува отворање 1.000 нови работни места
Германска компанија за производство на електрични уреди ќе отвори 500 нови работни места во Скопје, а „Техникал текстил“, , во периодот мај - јуни 2015 година ќе ја отвори својата фабрика и ќе почне со работа и со вработувања. Компанија од Италија, која е специјализирана за производство на минибуси, реши да инвестира 10 милиони евра во капацитет во Тетово. Најавена е и инвестиција на компанијата „Кондево“ од Италија која ќе инвестира во Штип и ќе отвори минимум 250 нови работни места.
Нова инвестиција ќе има и во Пробиштип од страна на компанија од автомобилската индустрија во висина од 15 милиони евра и отворање 300 работни места.
Холандската компанија „Антура“, која во Кочани инвестираше 6 милиони евра и досега вработи 100 лица, во наредниот период ќе го зголеми бројот на вработени за уште 200 нови вработувања. Во Штип, компанијата „Џонсон контролс“ донесе одлука за дополнително зголемување на бројот на вработените со отворање дополнителни 200 нови работни места.
Преку доделување на уште една концесија на сегашниот рудник „Саса“ во Македонска Каменица, создадени се услови за нова инвестиција во оваа општина и за дополнителни 200 нови вработувања. 150 нови работни места се најавени од страна на турската компанија „Челмак агрикалчр машинери“, која ќе гради погон за производство на земјоделска механизација.
Во општина Битола е најавена изградба на фабрика за производство на чипс во која ќе бидат ангажирани повеќе од 100 лица, а компанија од Белгија има донесено интерна одлука за инвестиција од 5 милиони евра во Тетово и отворање на околу 100 нови работни места.
Во општина Василево ќе се реализира инвестиција во капацитети за производство на материјали што се користат во рударството и во градежништвото. Во Виница ќе инвестира холандската компанија „Р енд С“. Пуштена е во употреба новата фабрика „Актива аутомотив“ во индустриската зона во Штип, во која се вработени 100 лица, а во наредниот период се планира вработување на уште 200 невработени лица. Компанијата „Про-компо“ во текот на летото ќе почне со работа во капацитетот во Тетово, во кој инвестираше 5 милиони евра и планира да вработи повеќе од 150 лица, од кои првите 100 во текот на 2015 година.
Ова се позитивните бомби. Компании од сите страни на светот доаѓаат да инвестираат во нашата земја и вработуваат десетици илјади македонски граѓани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа