Грција и кредиторите далеку од договор за нова помош

Грција и меѓународните кредитори се уште се далеку од договор за реформите, што Атина треба да ги спроведе во замена за идната финансиска помош, изјави неименуван европски претставник, пренесе МИА.

- Има интензивирање на активноста, интензивирање на ангажманите, но има уште доста да се направи, за да можам да сигнализирам дека има резултати, посочи неименуваниот европски претставник.

Тој предвидува дека министрите за финансии од еврозоната оваа недела нема да и дадат на Грција нов рок, различен од 30 јуни, кога завршува европскиот дел од спасувачката програма за Грција.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега