Малолетници брутално претепале старица пред неподвижниот сопруг

Две момчиња на 13 и 14-годишна возраст се приведени во полициска станица поради сомневање дека во саботата околу 17:00 часот влегле во станот на Славица В. (65) во Пожаревац и брутално ја претепале.

Тие најпрво и заѕвониле на вратата, а кога таа им отворила веднаш почнале да ја тепаат пред очите на нејзиниот непокретен маж, барајќи и пари.

Соседите ја чуле вревата, па дошле да и помогнат и повикале помош.

Полицијата, ги идентификувала двајцата малолетници и по кратко време во полициска станица го признале и опишале делото.

Таткото на едно од момчињата го предал ранецот во кој биле фантомките кои ги користеле за време на разбојништвото.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега