Мислев дека не е вистински пиштолот кога го впери во мене тогаш сфатив дека тоа не е шала - исповед на келнерот кој бил сведок на убиството на Славица

49-годишниот Ненад Гравовиќ кој е вработен како келнер во кафулето Фрач во Белград раскажува за убиството кое се случи во понеделникот токму во овој локал. Раскажува за тоа како го здолгедал човекот со пиштол во раката но во ниту еден момент не помислил дека ќе се случи нешто ужасно.

-Мислев дека станува збор за играчка, а не за вистински пиштол. Во моментот кога го насочи пиштолот накај мене, се свртев и земав стол во рацете се со цел да го удрам. Но, беше доцна. Тој се сврте на друга страна и тогаш почнаа пукотниците. Не успеав да го видам моментот на убиството. Веднаш истрчав кон полициските службениците кои стоеја пред грчката амбасада во близина. Тогаш слушнав уште еден истрел. Тогаш тој се застрелал во главата, вели келнерот.

Келнерот раскажува дека Славица го запознала пред година дена, но брзо сфатила со каков човек си има работа, но тој не можел да прифати дека таа не го сака повеќе.

- Тој постојано ја  следеше и и ги дупчеше гумите на автомобилот. Изминативе шест месеци таа не живееше дома и тоа бидејќи и беше страв од него. Го пријави во полиција неколку пати. Но за жал не можеше никој да ја заштити, рекол Ненад.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега