Се срамам од тебе, земјо моја- исповед на млад дечко кој се преселил во Шведска

-Во недела, кога ќе седнам во авионот и ќе полетам од аеродромот Никола Тесла назад во Шведска, ќе погледнам низ малиот прозорец за да го видам стадионот Рајко Митиќ каде трибините ќе бидат полни. Тогаш ќе им кажам на пријателите дека се срамам од мојата земја. Срам дека не може да го одржи својот збор. Ќе погледнам тажно бидејќи секој човек кој не може да го исполни својот збор е губитник.

Во продолжение е писмото на Александар Павиќ, Србин кој живее во Шведска. 

Србија, 

Кој ни го наметна ова, ние самите или некој друг?

Јас сум Александар Павиќ, млад дечко кој живее во Шведска. Во Србија живеев првите пет години од мојот живот додека беа убавите времиња. Но за жал, војната не растури низ целиот свет, повторно.

Во Србија доаѓам често, само кога можам, и тоа со големо задоволство и среќа. Кога имам слободни денови на работа, а често работам и прекувремено гледам да бидам во мојата татковина. На другарите од Шведска често пати им зборев за мојата татковина и за нејзините убавини. Тие внимателно ги слушаат приказните за убавината на Србите а особено им беше интересно приказната за вечното дерби. Падна и договор - одиме во Белград за следното дерби.

Вечното дерби е планирано за во сабота, на 25 април. Пред неколку месеци ги резервиравме авионските карти и одлучивме да го поминеме викендот во Белград. Викенд посветен на дербито.

Во неделата исто така имаше дерби - во кошарка. Црвена Ѕвезда се пласираше во финалето од АБА лигата и им честитам.

Сепак, денешните весници се полни со вести за наводната тепачка на Душко Вујошевиќ, за навредите кои ги трпеа играчите од страна на навивачите и за предметите кои беа фрлени на теренот. Но, нормално веднаш до новинските информации е и веста за старлетата и нејзниот ноќен провод во некој клуб. Потоа, вести околу клановите, кафињата во авионот на Николиќ, министрите и министерките, скапите одела на првите дами на државите и на крај експлицитни фотографии од луѓе кои се прославуваат преку голотија.

Иако се чини дека вестите за Новак Ѓоковиќ ги има премногу, а ги имаше и на денот на неговата свадба вчера не се пишуваше многу за нашиот херој, амбасадорот на нашата земја кој им пружи на нашите деца шанса да растат во подобри услови. Србинот кој го освои Мастерсот во Монте Карло и стана дел од историјата со уште еден срушен рекорд.

Ми се чини дека се пишува за се и сешто освен за убави работи, кои верувам ќе не направат подобри луѓе, подобри сограѓани, подобри соседи. Не се пишува, ниту пак зборува за убави нешта кои ќе не отргнат од тешкото секојдневие во Србија. Во државата во која децата откако ќе завршат факултет немаат работа. Најчесто се пишува за животот на политичарите, за автомобилите на криминалците, за сексот на старлетите, како и за тоа дека убијците се пуштаат на слобода.

Во денешна Србија, луѓето повеќе стравуваат од полициските службеници кои беа на должност во 90 години. Во оваа држава имаме министри кои возат луксузни автомобили кои сме ги платиле ние граѓаните. Во денешна Србија, сите мои другари кои завршија факултет се невработени. Имам пријател кој заврши факултет со просек 10. Доби државна работа без никакви врски, но поради честата смена на министри и влада тој остана без работа и тоа два пати. Секој министер кога ќе седне на фотељата повторно го објавува конкурсот.

 Србијо, отвори ги очите и погледни се во огледало. Крени се и кажи доста! Доста од овој циркус! Доста ни се кловнови! Доста лавови! Доста оган!

Сакав на моите пријатели од Шведска гордо со крената глава да им го покажам главниот град на Србија. Да им ги покажам убавините на нашата земја. Да им го покажам жарот на вечното дерби! Во нормална држава како што е Шведска, се знае точниот датум и час на ваквите натпревари и тоа месеци наназад. На тој ден, во тој час, во таа минута, во таа секунда, без разлика на ризикот на натпреварот, истиот почнува на време. 

Во нашава држава, пред само неколку дена од дербито никој не знае дали ќе се одржи во сабота или во недела. А картите се купени...карти за кои моите другари штеделе. Карти за денешна Србија! Наша Србија!

Седам и се прашувам како да им објаснам на своите другари, како да им ја објаснам нашата ситуација - да им кажам дека дербито ќе се игра во недела кога ние треба да летаме назад во Шведска. 

Доаѓаме во Србија во петок. Ќе ги однесам моите пријатели на многу убави места. Но, сепак ми останува една грижа. Во недела кога ќе се седнам во авионот, кога ќе погледнам низ малото прозорче и ќе ги видам полните трибини ќе им кажам на моите пријатели дека ми е срам од мојата држава. Срам бидејќи не може да си го оддржи својот збор. 

Србијо, немој повеќе да бидеш губитник. Можеме да бидеме подобри и посилни. Дај се од себе да направиме нешто паметно, да ја вратиме нашата земја во нормална ситуација. Превземи нешто за моите другари повторно да ја посетат Србија!

Извор: Вечер.мк

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега