"Славица, ако не си со мене ќе завршиш мртва во црна ќеса!"

Горан Милановиќ, 50-годишниот Србин кој ја уби 49-годишната келнерка Славица, ја следел и и се заканувал бидејќи таа не сакала да се смири со него. 

Мајката на убиената Славица, Милица, за српскиот Курир, вчера изјави дека неколку пати со ќерка си барале помош во полиција бидејќи Горан и се заканувал, но не добиле никаква помош.

Славица и Горан биле во врска една години и заедно живееле. Тој ја истерал од станот пред два месеци, а потоа се премислил па ја молел да се смират. Славица не сакала да му се врати бидејќи ја понижувал и малтретирал, па затоа и ги избушил гумите на автомобилот, а и праќал и заканувачки пораки. Случајот бил пријавен во полиција, а кога бил приведен Горан молел да го пуштат бидејќи има мала ќерка која зависи од него, па излегол на слобода.

Пред неколку дена детето на Горан дошло да ја види Славица. И рекло дека татко и зборува дека Славица ќе биде во црна ќеса и покрај неа ќе расте зелена трева.

Инаку, Горан ја уби Славица во кафчот во кој работи.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега