Тачи: Одбивањето на мојата посета ќе има последици

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи оценил дека одлуката на Србија да не ја одобри неговата посета на Белград е спротивна на дијалогот и подобрувањето на односите меѓу Приштина и Белград.

- Тоа секако ќе има свои последици, изјави Тачи за виенскиот весник „Пресе“.

Тачи не сакал да каже какви можат да бидат тие последици. 

Тој сепак изјави дека нема да има директни контрамерки кон српските политичари.

- Однесувањето на Србија кон мене ќе послужи како пример за тоа како не треба да се однесуваме кон нашите соседи, рекол Тачи.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега