Дарко Башески: Невозможен е македонски блокбастер
Македонската филмска продукција ги живее годините со најголема продукција. Статистичките податоци дават слика на пораст. Односно покажуваат дека ако во период од 1991 до 2008 година за 17 години биле реализирани 26 играни филмови, 15 документарни филмови, 5 кратки играни филмови и 2 анимирани филма, само во период од 2008 до денес поддржани се вкупно 180 филмски проекти. Директорот на Филмскиот фонд, Дарко Башески, кој минатат недела беше обвинет од Режисерот Дарко Митревски депак продуцира судор со режисреите, во интервју за Прес23, вели дека контролата на наменското и законското трошење на средства не смее да се става во иста рамка со личниот меѓучовечки однос.
-Јас како директор се залагам и ќе се залагам во иднина за законско и економично работење на институцијата, како и се залагам и ќе се залагам за одлична, транспарентна и меѓучовечка комуникација со сите филмските работници, вели Башески во интервјуто за Прес24.
Ресси сите македонски посериозни филмови се снимени со пари од Филмскиот фонд. Башески смета дека таа поддршка од државата е неопходна, бидејќи тешко може во мала држава д асе снимикомерцијален филм.
- Не верувам дека во било која мала земја може да се направи комерцијално исплатлив филм од поголеми размери или блокбастер. Во нашиот регион сме виделе неколку локални хитови, најчесто комедии со локален хумор кои биле финансиски поуспешни кај домашната публика, но не предизвикале скоро никаков меѓународен интерес. Од друга страна сме виделе многу повеќе мали филмови кои не предизвикале голем интерес кај локалната публика, а предизвикале меѓународен интерес и освоиле големи награди. И едните и другите филмови се потребни на кинематографијата на секоја држава, Вели во интервјуто Башески.
-Ако под оправдана инвестиција, сметате дека продукцијата од експлоатацијата на филмот заработила и ги вратила на Агенцијата за вложените средства, тогаш одговорот е не. Ако пак под оправдана инвестиција сметате дека е направен филм кој направил голем меѓународен успех и ја промовирал Македонија, тогаш одговорот е да., вели Башески одговрајаќки на прашањето дали инвестициите во македонски филм се оправдани.
ПРЕС24: Минатата недела имаше една отворена преписка во јавноста меѓу Вас и режисерот Даркo Митревски. Причината е функционирањето на Агенцијата за филм. Митревски вели дека неговиот случај е само продолжение на неколкуте ситуации со уште неколкумина режисери. Постои ли отворен судир меѓу Вас и одредени режисери во Македонија и која е причината за ова?
БАШЕСКИ: Агенцијата за филм како и секоја друга институција во Република Македонија своето работење го засноваат врз основа на материјалниот закон како и врз основа на другите законски и подзаконски акти кои се во сила во нашата држава. Одговорно тврдам дека Агенцијата за филм на РМ (која пред донесување на новиот закон за филмска дејност работеше како Национална установа- Филмски фонд на РМ) своите работи и работни задачи секогаш ги врши согласно пропишани законските и подзаконските акти, интерни акти вклучувајки ги и пропишаните договорните права и обрски во договорите склучени помеѓу со филмските продуценти, односно продуцентските компании.
Контролата на наменско и законско трошење на средствата доделени од страна на нашата институција се врши врз основа на утврдени механизми кои се во согласност со законските и подзаконските акти во оваа област. Кога го говорам ова тоа значи дека за наменско и законско трошење на средствата се подразбира трошок предвиден во буџетот на филмот кои преку соодветна документација (банкарски изводи, фактури и сл) се докажува дека е направен како трошок за филмот и исплатен.
Почитуваниот режисер според неговиот допис смета дека Агенцијата “спроведува инквизициски мерки на контрола” на доделените финансиски средства за филмот, за кое јас како директор на државна институција не се согласувам бидејќи увидот во наменското и законското трошење на средствата се врши преку финансискиот сектор во Агенцијата како и преку независна надворешна ревизорска куќа со меѓународно реноме согласно сметководствените практики, како и меѓународните стандарди за увид. Контролата на наменското и законското трошење на средства не смее да се става во иста рамка со личниот меѓучовечки однос. Јас како директор се залагам и ќе се залагам во иднина за законско и економично работење на институцијата, како и се залагам и ќе се залагам за одлична, транспарентна и меѓучовечка комуникација со сите филмските работници. Овие залагања не ми дозволуваат да имам отворен конфликт со било кои филмски работник кои досега имал соработка со институцијата со која јас раководам како и апелирам дека филмските работници мораат да го прифатат правниот систем на нашата држава и без внесување на своите лични интереси треба да го почитуваат законското и материјалното работење.
Напоменувам дека јас лично сум изненаден од неговото отворено писмо, со оглед на фактот што ние не сме имале прилика да се сретнеме во последните пет години ниту пет пати за да воопшто имаме отворен конфликт. Мојата комуникација била на институционално ниво за проектите во кои тој се јавува како режисер и секогаш се одвивала и се одвива преку продуцентот, односно продуцентската компанија на која и се доделени финансиските средства за производство на филмот.
Недоразбирања имало како и во секоја работа, но сите биле решавани во добра комуникација во интерес на проектите. Тешко било да се објаснат законските процедури кога се барале многу поголеми финансиски средства од оние кои ги доделила Агенцијата за филм или кога се барало под притисок да се прескокнат законските процедури, но ниту еднаш не е оспорен или запрен ниту еден филмски проект. Нормално е дека за решавање на недоразбирањата, треба да се има обострано разбирање.
ПРЕС24: Вие велите дека изминативе години е зголемена продукцијата на македонски филмови.Колку тоа е резултат на поддршката од Агенцијата за филм, а колку на иницијативите на луѓето од филмската продукција?
БАШЕСКИ: Бројот на годишната филмска продукција постојано расте, па така оваа година очекуваме да имаме седум премиерни прикажувања на нови македонски играни филмови и снимање на уште најмалку 7 нови играни филмови.
Развојот на секоја, па и на оваа дејност, секогаш подразбира и опфаќа повеќе чинители кои заеднички даваат придонес во повеќе сегменти. Поединечното делување на сите чинители е значајно и неоспорно, сето ова е заеднички резултат на работата на сите филмаџии, сите искусни автори како и зголемениот број на нови млади автор, а институционалното делување е само столбот врз основа на кој континуирано се развива филмската дејност.
Зголемената продукција во Република Македонија најпрво се должи на основањето на институција која континуирано се грижи за поддршка, поттикнување и развој на филмската дејност, потоа зголемениот буџет од Владата на Република Македонија и Министерството за култура, постоењето на законска регулатива, материјален закон кој има тенденција континуирано да обезбедува средства и сите други чинители кои придонесуваат за развој на оваа дејност. Статистичките податоци дават слика на пораст, односно во период од 1991 до 2008 година за 17 години реализирани се 26 играни филмови, 15 документарни филмови, 5 кратки играни филмови и 2 анимирани филма, додека во период од 2008 до денес поддржани се вкупно 180 филмски проекти (60 долгометражни играни филмови, 55 документарни филмови, 48 кратки играни филмови и 17 анимирани филмови), од кои до сега завршени се половината, односно 90 филмови (29 долгометражни играни филмови, 28 документарни филмови, 26 кратки играни филмови и 7 анимирани филмови)
ПРЕС24: Зголемената филмска продукција е реалност, но од друга страна извесна реалност има и во твдењата дека многу малку, речиси и незабележително во јавноста поминуваат македонските филмови. Точно е дека за сите нив имало и кино проекции и меѓунардони настапи, но сепак јавноста реално се сеќава на три до четири филмски проекти. Во што е проблемот? Во лошиот маркетинг или ?
БАШЕСКИ: Сите завршени филмови досега се прикажани во Република Македонија. Досега за сите долгометражни играни филмови освен финансиските средства за производство на филмот, од страна на Агенцијата, односно фондот се доделуваа и средства со цел продуцентите да овозможат поуспешна промоција и пласман на филмот. Прашање е колку продуцентите се потрудиле да направат добра промоција и дистрибуција на филмовите низ Македонија од една страна и колку публиката ги прифатила филмовите од друга страна.
Друг проблем со кој се соочи оваа дејност беше лошата состојба со киносалите во земјата. Со цел подобрување и развој на киномрежата во земјава изминативе три години преку „Проектот за опспособување на киносалите’’ на Владата на Република Македонија и Министерството за култура кој се спроведува преку Агенцијата за филм, во повеќе фази беа набавени нови дигитални проектори за 20 градови во Македонија. Овој проект продолжува и во периодот кој следи со кој ќе се набават и нови кино платна, нова аудио опрема како и нови проектори за уште десетина градови. На овој начин нашата институција продолжува да ја развива филмската дејност и овозможуваат филмовите да бидат полесно достапни до публиката низ целата земја.
Што се однесува до меѓународните резултати, завршените филмови во период од 2009 до денес оствариле 762 учества на фестивали и освоиле 133 награди.
ПРЕС24: Зошто сите овие филмови ги нема на македонските телевизии? Ако ги погледмене државите од соседството, Србија, Хрватска, па и Бугарија во последните години, ќе видиме дека нивните медиуми се преполни со матична филмска продукција?
БАШЕСКИ: Трите горенаведени земји се земји кои се поголеми од нашата како и истите имаат поголема филмска продукција, поголем пазар за пласман и реклама на сите медиуми, па директната споредба на овие земји со Македонија не е со соодветни реални параметри.
Македонија со зголемување на буџетот за филмската продукција преку Агенцијата за филм го зголеми обемот на продукција на филмови како и преку новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги воспостави регулатива за континуирана поддршката за домашна играна и документарна програма преку Министерството за информатичко општество. Во периодот кои следи сите овие нови мерки потребно е да придонесат поголема соработка помеѓу филмските работници и телевизиите со цел создавање на поквалитетна домашна продукција.
Одговорот на проблемот зошто ги нема македонските филмови на македонските телевизии сметам дека треба да се бара во недостаток на комуникација на филмските продуценти кои ги поседуваат правата за прикажување на филмовите и телевизиите кои сакаат да прикажуваат домашни филмови. За да ја олесниме оваа комуникација, овој месец Агенцијата за филм за поголем број од македонските филмови обезбеди согласност од продуцентите за бесплатно прикажување на македонските телевизии и ги понуди на сите македонски телевизиски куќи за прикажување.
ПРЕС24: Господине Башески, многумина кои се занимаваат со филмска продукција велат дека Македонија сега има најлоша филмска придукција. Се согласувате со тоа?
БАШЕСКИ: Не знам кои се тие многумина на кои вие мислите? Можеби истите сметаат дека нивните понови филмови се полоши од нивните претходни? Несомнено во деведесеттите го имавме најуспешниот Македонски филм „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски и според мене најгенијалниот негов филм „Прашина“, како и други филмови кои се памтат засекогаш.
Сепак тешко е да се споредува кој е подобар помеѓу постар и понов филм. Како би ги споредиле на пример „Џипси меџик“ со „До Балчак“ на Столе Попов, „Бал-кан-кан“ со „Трето Полувреме“ на Дарко Митревски, „Како лош сон“ со „Деца на сонцето“ на Антонио Митриќески, „Превртено“ со „Соба со пијано“ на Игор Иванов Изи, „Како убив светец“ со „Жената што си ги избришала солзите“ на Теона Стугар Митевска, „Големата вода“ со „Медена ноќ“ во режија на Иво Трајков, омнибусите „Светло сиво“ и „Омнибус А“ со омнибусот „Скопје Ремикс“?
Зарем беше мал успехот на „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски со освоени 11 награди и учество на над 50 фестивали, „Мајки“ на Милчо Манчевски и „Жената што си ги избришала солзите“ со учество на Берлинскиот филмски фестивал и многу други фестивали? Може да ги споредуваме сите филмови поединечно, но воопшто не сметам дека филмската продукција во моментов е полоша од онаа во минатото. Факт е дека филмската продукција во овој период е неколкукратно поголема и меѓународно повеќе присутна отколку во минатото. Факт е дека за филм се одвојуваат најмалку пет пати повеќе средства отколку во минатото. Факт е дека младите автори многу полесно ги прават своите први филмови и се поупорни во меѓународниот пробив на нивните дела.
ПРЕС24: Кога велиме лоша продукција, најмногу се мисли на неквалитетни сценарија. Сите филмски сценарија во Македонија на некој начин се инспирирани или од историјата, или од нешто што е некаков локален интерес. Најчесто тоа се евтини приказни без каков било светски фидбек? Која е причината според Вас за тоа?
БАШЕСКИ: Локалните приказни не се евтини приказни без светски фидбек. Локалните приказни се она што го интересира светот, но истите треба да се пренесат на начин разбирлив за целиот свет. Зарем можете да му продавате на светот Македонски филм за самураи само затоа што целиот свет знае што се самураи, а не знае за македонските војводи и илинденското востание. Напротив, треба да направите приказна која ќе биде доволно јасна за целиот свет преку која ќе раскажете и за нашиот живот и за нашата земја.
Добрите сценарија се резултат на добра идеја, но и долга упорна работа на развој на сценариото. Колку некој режисер ќе работи сам или со сценарист на едно сценарио, зависи само од него и продуцентот. Поголем проблем е недостатокот на сценарија кој го увидовме и затоа во последниве четири години распишуваме посебен конкурс за пишување на нови сценарија со тенденција да се стимулираат сценаристите да се посветат на својата професија и да се понудат повеќе идеи за идните филмови. Од друга страна Агенцијата за филм дава поддршка за разни меѓународни работилници на кои се развиваат филмските проекти, а во Македонија за едно со најреномираните европски организации организира вакви работилници. Со најголемата продуцентска мрежа, европската организација EAVE во Македонија организиравме три работилници со врвни европски експерти, а на крајот на јуни во Скопје ќе се одржи седумдневна голема работилница со околу осумдесет европски продуценти и осумнаесет врвни експерти. Нашите продуценти ќе можат да се вклучат во сите предавања на оваа работилница и да го користат знаењето на експертите, како и да се запознаат со европските продуценти со што би воспоставиле лични врски со потенцијални копродуценти за македонските филмови.
ПРЕС24: Зошто во Македонија не би можело да се испродуцира филм со некоја блокбастер содржина. Филм кој би бил растеретен од секодневните случувања? Во што е проблемот. Во финансиите или во кративноста на луѓето кои прават филм?
БАШЕСКИ: Да можело така лесно да се испродуцеира блокбастер, сите земји би го правеле. Зошто секоја земја не може да си направи свој глобално успешен бренд како на пример Мек Доналдс? Најголем дел од сите оние што ги пробале ќе се сложат дека нашите хамбургери се многу подобри и повкусни од оние на Мек Доналдс, па зошто тогаш никој не направил успешен бренд ниту на ниво на Македонија, а камоли глобално? Ако го одговорите ова прашање, веројатно ќе имате одговор и на горе поставеното прашање.
ПРЕС24: Не е ли малку парадоксално тоа што во моментов една од најпознатите постпордукцски куќи за визуелни ефкект потекнува од Македонија, а ретко кога нивните услуги ги има на македонски филм?
БАШЕСКИ: Не знам на што се должи оваа ваша констатација, но сметам дека не сте доволно информирани. Колку што јас знам скоро да нема македонски игран филм кој не ги користел услугите на некоја од нашите постпродукциски куќи кои за македонските филмови најчесто работеле со многу пониски цени од оние за големите американски филмови, а понекогаш и ги вложувале своите услуги како свој копродуцентски удел во филмовите без да наплатат ни денар. Овие постпродукциски куќи покрај големиот успех надвор од Македонија, се истакнаа и помогнаа во издигнување на филмската дејност преку растот квалитетот на нивните вештини што секако влијаеше многу и на подигнување на квалитетот на филмската продукција.
ПРЕС24: Има ли некоја анализа, дали некои од македонските филмови ја оправдале инвестицијата?
БАШЕСКИ: Ако под оправдана инвестиција, сметате дека продукцијата од експлоатацијата на филмот заработила и ги вратила на Агенцијата за вложените средства, тогаш одговорот е не. Ако пак под оправдана инвестиција сметате дека е направен филм кој направил голем меѓународен успех и ја промовирал Македонија, тогаш одговорот е да.
Финансиски исплатливи филмови понекогаш имаат само мал дел на филмови во земјите кои се поголеми, со поголем пазар и поразвиена инфраструктура како Франција, Русија, Турција, Шпанија и други поголеми земји. На европско ниво, годишно најмногу се враќале до 15% од вкупно вложените финансиски средства во филмската продукција.
ПРЕС24: Вие сте шест години прв човек на филмскиот фонд. Честопати сте мета на критики. Тој буџет не е екстремно голем, но е сепак добра поддршка. Сакам да ве прашам, можно ли е да с есними филм во Македонија без пари од филмскиот фонд? И зошто сите пртенендираат на тие пари, а речиси никој не се обидува да направи комерцијално исплатлив филм?
БАШЕСКИ: Во Македонија во сите изминати години снимени се многу кратки, документарни и неколку играни филмови без финансиска поддршка од страна на државата, пред се од автори кои ги правеле тие филмови со голема страст и сопствена жртва. Не верувам дека во било која мала земја може да се направи комерцијално исплатлив филм од поголеми размери или блокбастер. Во нашиот регион сме виделе неколку локални хитови, најчесто комедии со локален хумор кои биле финансиски поуспешни кај домашната публика, но не предизвикале скоро никаков меѓународен интерес. Од друга страна сме виделе многу повеќе мали филмови кои не предизвикале голем интерес кај локалната публика, а предизвикале меѓународен интерес и освоиле големи награди. И едните и другите филмови се потребни на кинематографијата на секоја држава. Сите луѓе во државата се даночни обврзници со чии пари се финансирани филмовите поддржани од националните филмски фондови, па според тоа треба да има и филмови за сите.
Што се однесува до блокбастерите финансирани од големите американски студија, тие и понатаму ќе се прават најчесто со пари од богати инвеститори кои очекуваат да им се мултиплицира инвестицијата. Сепак треба да се има на ум и дека не секој филм во кој големите американски студија вложиле големи финансиски средства ги вратил макар вложените пари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа