Седум изгубени години Хрватска пропаѓа, а реформите се на чекање поради изборите

Индекс - Загреб

- Иако падот на стопанската активност во текот на 2014 година успори, Хрватска шеста година по ред остана во рецесија. Со ланскиот реален пад од 0,4 отсто, кумулативно во периодот од 2008 до 2014 година изгубени се 12,5 отсто од реалниот бруто домашен производ – се наведе во најновото издание на РБА анализата, насловена „Меѓу рецесијата и зајакнувањето“. 

Аналитичарите на РБА оваа година очекуваат крај на рецесијата, но стопанските изгледи остануваат и понатаму слеби.

Недостигот на инвестиции го кочи растот на стопанството

- Внатрешните структурни слабости го оневозможуваат растот на домашната побарувачка, а странската побарувачка не е доволна за посилно покренување на стопанството, со оглед на ниското учество на надворешно-трговската раземна во вкупното стопанство. Податоците за првото тримесечие упатуваат на тоа дека првата објава на БДП предвидена за јули би можела да покаже блага реална годишна стапка на пад од минус 0,1 отсто, при што најзначајниот негативен придонес го очекуваме од бруто инвестициите во фиксниот капитал – сметаат аналитичарите на РБА.

На бранот на зајакнувањето во еврозоната аналитичарите очекуваат продолжување на растот на извозот на стока и услуги и одржување на вишокот на тековните сметки на платниот биланс. Наспроти зголемената понуда на капитал од странство, не се очекува промена на успорената динамика на раст на надворешниот долг. На намалувањето на надворешната ранливост ќе придонесе продолжувањето на процесот на раздолжување во секторот на населението и кредитните институции, додека за фирмите како и во 2014 година ќе има обид да се дојде до релативно поефтини странски извори за финансирање, прогнозираат аналитичарите.

Хрватска се задолжува поскапо од останатите

Иако политиката на Европската централна банка ги намали каматните стапки на рекордно ниво, Хрватска и понатаму се задолжува поскапо во однос на споредливите земји.

- Натамошниот раст на надворешниот долг на државата продолжи со ново издвојување на еврообврзници, со што Хрватска веќе во текот на првото тромесечје обезбеди повеќе од половината од своите потреби за рефинансирање. Политиката на големите централни банки, посебно на ЕЦБ, овозможи пад на трошоците за финансирање на пазарот на историско ниско ниво, што за последица се прели и на хрватските хартии од вредност. Сепак, споредбата со државите од регионот предупредува на зголемена чувствителност на промена на перцепцијата на ризикот кај инвеститорите, што во случај на поголеми пореметувања на финансиските пазари може негативно да се одрази на трошоците за идното рефинансирање на државата, предупредуваат аналитичарите на РБА.

Нема реформи поради изборите

Во анализата се предупредува и на познатите проблеми во фискалната политика и на потребата за реструктуирање на јавниот сектор и намалување на долгот. Но, Хрватска е во предизборна година така прашање е колку Владата е подготвена на непопуларни потези.

- Во фокусот останува фискалната политика, потребата за длабински реформи на јавниот сектор и спречување на раст на јавниот долг. Со оглед на изборната година, тешко да се очекува значаен напредок. Намерите на Владата во смисла на спроведување на реформите и поправање на макроекономската нерамнотежа ќе ги дознаеме во тек на април во Националната програма за реформи и Програмата за конвергенција која РХ е должна да ја достави до Европската комисија во рамки на т.н. Европски семестар. Очекуваме прифаќање на двата документи бидејќи примерите, состојбата и решавањето на хрватската структурна слабост веќе со годни ни се познати. Меѓутоа, отворено останува прашањето за ефективноста и навремената имплементација на потребните корективни мерки, заклучуваат аналитичарите на РБА.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега