Над 50 дечиња со симптоми на труење во Сараево

Најмалку 50 деца на предшколска возраст кои одат во неколку градинки во Сараево побарале лекарска помош заради симптоми кои укажуваат на труење, потврди вчера Азра Дедаиќ, портпаролката на Клиничкиот центар во Сараево. 

Таа додаде дека во клиниката се јавиле родители чии деца имале зголемена температура и имале мачнини и дијареја.

„Дваесет и едно дете е задржано на Клиника, а останатите се пуштени на домашно лекување“, рече Дедаиќ.

Според неа, ниту едно од хоспитализираните деца не се наоѓа во животна опасност.

Директорката на Инфективната клиника Нада Колудер вели дека сè уште не може со сигурност да се каже што е причинител за труењето.

„Претпоставуваме, но не можеме да потврдиме, дека причината е салмонела што ја внеле консумирајќи крем и јајца со тестенини, бидејќи клиничката слика упатува на бактериска алиментарна инфекција“, рече Колудер.

Резултатите од анализите ќе се знаат по 72 часа.

Сараевските градинки и покрај труењето продолжија со работа, иако во некои од нив имаше значително помалку деца бидејќи родителите стравуваат за нивното здравје.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега