Бригадниот генерал Величковски на конференција во Германија

Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ, бригадниот генерал Методија Величковски денеска ќе учествува на конференцијата на командантите на здружените операции од армиите на земјите учеснички во мисијата на НАТО „ИСАФ“, во Потсдам, СР Германија.

На конференцијата ќе се разговара за проценката на безбедносната ситуација, за Стратегија на НАТО и стратешки параметри за мисијата ИСАФ, за оперативното планирање и потреби (прераспоредување на трупите во ИСАФ), како и за планирањето на националните придонеси во мисијата „ИСАФ“ во Авганистан.

најчитано сега