Македонскиот владин тим очекува инвестиции од Естонија

 

Презентирањето на можностите за инвестирање пред бизнисмените од Естонија минатата година даде резултати. Бизнис соработката е интензивирана, но, освен текстилот каде извозот од наша страна бележи зголемување, таргет се и останатите сектори.

Како што изјави вицепремиерот Владимир Пешевски, токму денешната посета на Талин е во таа насока, изнаоѓање нови деловни партнери во што повеќе стопански сфери и уште поголема соработка.

- Постојат доста сличности меѓу Македонија и Естонија. Се работи за земји со слична големина, за земји ориентирани кон реформите, високо рангирани на светската листа за услови за водење бизнис. Веруваме дека оваа посета ќе резултира со конкретни инвестиции или со зголемување на извозот од Македонија, рече Пешевски по денешниот бизнис форумот во Талин.

Вицепремиерот Пешевски се осврна на реформите кои се спроведуваат за намалување на процедурите и инвестициите во образованието со цел креирање на соодветна и добро образована работна сила.

- Компаниите се основаат за само четири часа, одобренијата за градба се издаваат електронски, а институциите се поврзуваат и обезбедуваат логистика за компаниите. Инвеститорите кои ќе дојдат може да очекуваат помош и од Владата и од институциите, истакна Пешевски.

 

најчитано сега