Угостителите со исто работно време како и досега

 

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ги демантира тврдењата дека за еден час ќе биде скратено работното време на угостителските објекти.

 Тоа не е точно. Кафичите и кафеаните ќе останат со истото работно време како и досега. Не знам како се провлече таа вест, беше само дискусија на некои од станарите. Сакам тоа да го демантирам и да кажам дека кафичите ќе работат со истото работно време како и досега, подвлече Трајановски одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега