Франција сепак пресилна за македонската ракометна селекција

Ракометниот светски шампион Франција го потврди својот квалитет и очекувано славеше победа во мечот против репрезентацијата на Македонија, која беше рамноправен противник.

На натпреварот одигран синоќа во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје, Франција ја победи Македонија со 27:25, во квалификацискиот меч за Европското првенство во Полска, следната година.

Најефикасен во редовите на „Триколорите„ беше Мишел Гигу кој постигна 6 голови, еден повеќе од Тимотеј Н'гусан.

Капитенот на македонската репрезентацијата Кирил Лазаров со 8 голови беше најдобар стрелец на натпреварот. Дејан Манасков придодаде 5, а по четири постигнаа Стојанче Стоилов и Гоце Ѓеорѓиевски.

Франција и Македонија ќе одиграат уште еден меѓусебен дуел и тоа во недела (3 мај) во Тулуз, со почеток од 17 часот и 5 минути

Ова беше средбата од 3.коло во квалификациската група шест во кој вечерва игра и Швајцарија – Чешка, а победа забележаа гостите со 30:26.

Табела: Франција 6 бода, Македонија 3, Чешка 3 и Швајцарија 0.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега