Седница на Уставен суд
Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за член 137, ставовите 3 и 4 од Законот за банките, донесен 2007 и дополнуван три пати до 2013 година.
Ставот 3 од членот 137 предвидува акционер кој стекнал акции спротивно на Законот за банките или е повлечена согласноста да биде акционер, тогаш тој доколку не ги оттуѓи акциите во рокот определен од гувернерот на Народната банка, гувернерот во рок од осум дена од истекот на определениот рок донесува решение со кое утврдува дека тие акции не му носат право на глас на акционерот, ниту право на дивиденда и ќе се спроведе продажба на акциите наместо акционерот.
Ставот 4 од членот 137 предвидува доколку во периодот по донесувањето на решението на гувернерот, а пред да се продадат акците банката им испратила дивиденда на останатите акционери, дивидендата за акционерот чии акции се стекнати спортивно на Законот, значи тој акционер нема право на дивиденда и тие средства се распределуваат во општата резерва на банката.
Поведувањето на постапката за овие два става од членот 137 на Законот за банките е затоа што се поставила дилема дали ваквите определби не го доведуваат во прашање уставно загарантираното право на сопственост потврдено во Уставот.
Судот не поведе постапка за иницијативите поднесени за Законот за судска служба, за Законот за превоз во патниот сообраќај и за Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а ја отфли иницијативата поднесена на Законот за авторското право и сродните права.
На седницата не беше поведена постапка за Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, а беа отфрлени иницијативите за оценување на Одлуката за комунален ред во Градот Скопје, на Правилник за најнискиот износ за надоместок за концесија за вршење на здравствена дејност во мрежата на здравствени установи и на Правилникот за работа на хотел „Илинден“ со депанданс, донесен од министерот за одбрана на 19 јуни 2009 година.
ФОТО: Кирилица