Средба на премиерот Груевски со губернаторот на Калининградската област Аспиков

 

Продлабочување на економската соработка и трговската размена било тема на денешната средба на премиерот Никола Груевски со губернаторот на Калининградската област Николај Аспиков. Тие разговарале и за соработка во  градежништвото, туризмот и производната индустрија. 

- На средбата позитивно беа оценети односите кои постојат меѓу двете страни и беше разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес. Посебен акцент беше ставен на можностите за инвестиции и трговија при што премиерот Груевски ги претстави поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори, информира владината прес-служба.

Двајцата соговорници договориле во следниот период тимови од двете страни да работат на создавање правна рамка за динамизирање на економските односи преку потпишување поголем број договори кои ќе создадат услови за раст на односите меѓу компаниите. 

најчитано сега