Африм Тахири: Сулејман Реџепи е за во болница, не за во ИВЗ

 

Сулејман Реџепи произведува криза, иницира проблеми, создава ликови и потоа, се појавува во јавноста како експерт за нивно елеминирање. Сите се лоши, само Сулејман Реџепи е добар. Вака, со макијавелистичка терорија, Африм тахири, дел од привремениот совет на ИВЗ и поранешен генерален секретар на ИВЗ, го дефинира Поглаварот на втората најголемна верска заедница, Сулејман Реџепи, од кого веќе една недела тој и скопскиот муфтија, поддржани од голем дел имами и свои приоврзаници, бараат оставка.

-Ние сме тие, кои со саможртвување го донесовме Сулејман Реџепи, он многу добро знае како го направивме реис. За нашиот придонес ни го должи животот. Мислевме дека е потребниот човек за таа позиција. Првите години немавме многу забелешки. Од 2011 година е сосема различно, особено од 2013 година, откако премина хаџи Јакуп Селимовски! Сулејман Реџепи, да немаше страв од нас што од време на време го потсетувавме за некои работи, ќе се сметаше неоспорливо себеси за „султан“!, вели Тахири во интервјуто за Прес 24.

Привремениот совет се уште се наоѓа во просториите на ИВЗ и од таму нема намера да отстапи се до целосно расчистување на ситуацијата. Снимките од безбедносните камери што се појавија во мениумите, според Тахири се монтирани со цел да се промени вистинбата, но и да се девалвира нивната употреблива вредфност на суд.

- Би било добро снимките да бидат дадени во целина, без монтирања, и од сите камери! Јас на работното место отидов само со својот колега г-дин Абаз Ислами, а тоа што се гледа во снимките се случило барем 15-тина минути подоцна! Но, дали некој во ИВЗ на ден 04.05.2015 имаше некаква судска одлука против мене, за потоа, Муфтијата на Скопје, и Секретарот на Муфтиниството ни забранува влез во ИВЗ! Зошто сета таа нервоза во амбиентот на ИВЗ, зошто некои од нив, чии што канцеларии се на приземје не беа во нивните канцеларии, туку сите играа улога на „полицајци”! Кој им рече да се закануваат, да пукаат со огнено оружје!? Кој употреби насилство!? Кој сака да создаде, јавно мнение дека ние сме насилници! Kој беше тој што изрече пцовки, закани, пукање со огнено оружје,! Ќе видите кој ќе заврши зад затворските решетки!, вели Тахири за Прес24.

Според Тахири во основата на проблемот лежи потребата на Реџепи да контролира се, особено финансиите во ИВЗ.

-Неговите соништа не може да се остварат со муфтијата Ибрахим Шабани! Ќе го докажеме и ова. Има доста факти и докази. Тој многу добро знае дека јас толку многу работи знам за него што, да беше свесен ќе побегнеше азил некаде кај абориџините. Нека, за овие проблеми повеќе на суд!, вели во интервјуто за Прес24, Африм Тахири, дел од привремениот совет кој веќе една недела управува со Исламската верска заедница.

ПРЕС24: Веќе една недела Исламската верска заедница функционира во вонредна состојба. Засега работите се сведени на меѓусебни докажувања кој го има имитетот. До кога ќе трае ваквата состојба?

ТАХИРИ: Постојано, сẻ додека не признава Сулејман Реџепи дека тешко го има прегазено уставот на ИВЗ како и сите нејзини нормативни акти. Нормално, ова признание би повлекло со себе и негова оставка. До кога ќе потрае оваа ситуација? Ние ги познаваме животинските каприци на Сулејман Реџепи. Но знаеме уште еден факт: после овој момент он ниту за секунда нема да биде мирен, за ниту една секунда нема да го ужива работното место, ќе го гризе совеста (ако малку му останало), ќе стравува и од правните последици, бидејќи дејствувал како узурпатор на една позиција, злоупотребувајќи го тоа преку потпишувањето на стотина акти и решенија со многу тешки финансиски последици за ИВЗ. Овој факт им е познат и на меѓународниците и на нашите партнери во светот, затоа денес, е целосно изолиран од маргините на неважните здруженија! Во историјата ќе остане како безпреседантен случај и како ослепен човек по кариера. Впрочем,отсега натаму овој феномен, оваа болест ќе биде позната како „сулејманизам“, поим, кој ќе се користи секогаш кога ќе се подвлече некоја појава и кое ќе зборува за „три во едно“ (Егоизмот замесен од узурпација, злоупотребата и незаконското управување на еден слеп кариериста со ниски манири)

ПРЕС24: Кога го преземавте седиштето на ИВЗ, најавивте дека ќе биде формирана комисија која ќе треба да изврши комплетна ревизија на работењето на Поглаварот Сулејман Реџепи. До каде е таа комисија, има ли некои првични резултати кои може да ги објавите за јавноста?

ТАХИРИ: Не, не сакавме да избрзаме, и да навлеземе во сценаријата на Сулејман Реџепи па потоа да не девалвира како „пучисти“ како што и се обидува. Наше беше да ја алармираме ситуацијата! Сами се изјасниле дека „ги чуваат“ своите работни места и секој од  колегите, спиел во својата канцеларија. Значи, нема да можат да не наречат како уништувачи на истражниот материјал, предмет тоа на комисиите од ревизиската и судската природа. Штом ќе се смири ситуацијата и избистри површината на водата, официјално ќе побараме од соодветните државнии институции да ни испраќат професионални ревизори. Нам ни е познато дека нивната работа во една институција може да потрае со месеци: еден, два, три. Затоа нема да избрзаме, ќе дојде државната ревизија, ќе ја изврши својата работа и дури отпосле  ќе излезе со професионални заклучоци. Убедени сме дека заклучоците ќе бидат многу страшни и во правец на оголување на “побожноста“ на Сулејман Реџепи. Само стравот од својата работа, прави да тој  користи секаков начин само за да се спаси од ревизијата! Последиците од ревизијата! Истиот, наместо да се извини за пцовките, продолжува да го користи својот валкан речник против нас! Ние не сме од таков вид! Но, нему ништо не му се простува!

ПРЕС24: Пред неколку дена дваесетина имами од Скопското муфтиство му изразија поддршка на Поглаварот Реџепи. Дали тие ја одразуваат вољата на мнозинството имами во скопското муфтиство?

ТАХИРИ: За лоша среќа на Сулејман Реџепи, тоа беше само еден негов голем пораз, бројот на имами во Скопје е некаде 15 пати поголем, тие не претставуваа ништо друго освен сомнителни струења кои дејствуваат под исламската наметка, и кои, наводно, ги војува Сулејман Реџепи. Се погоди смртта па се видовме! Некои вмешани во криминални групи, некои бизнисмени на хаџот за што зборуваат и американските годишни извештаи, но, овој пат ги објави и нивните лица! На некои од нив едноставно им беше импонирано! Ни се извинија, а некои од нив не ни беа имами.!

ПРЕС24: Каква е состојбата со муфтиствата во ИВЗ. Рековте дека во моментот кога Реџепи ќе поднесе оставка ќе се разјаснат многу работи. Што е тоа? Дали мифтиите се под некаков притисок?

ТАХИРИ: Да, секако дека се под притисок на неговото шантажирање. Потоа, не се сите муфтии, само шестмина се, додека другите се координатори, не се членови на Ријасетот. Освен тоа, меѓу тие шестмина има такви што се појавиле во разни досиеја, има од таквите што се морално девалвирани, и сите нив, Сулејман Реџепи ги држи во рака. Тие не се противат на непотизмот, корупцијата, лошото менаџирање, злоупотребата на интернатот на Медресето Иса Бег, за клубот нa фамилијата Реџепи, ниту за злоупотребата на службените возила, ниту за прекумерното трошења во време на криза, едноставно, дозволиле секаков вид прекршување! Молчат и тогаш кога злото ги достигнува и меѓународните медиуми! Молчат иако сликата на ИВЗ, внатре и надвор од земјата целосно исчезнала! Во последно време не поминуваше недела а да немаше јавувања од дијаспората, од нашите исламски центри, барајќи објаснувања за полномоштва што циркулираа насекаде со цел прибирање материјални добра, ова како резултат на тоа што истите полномоштва биле дадени во таков вид што им било дадено можност за злоупотреба, ниту се прецизирани за одреден исламски центар-народ, ниту се орочени! Така, се има случено полномоштвото да биде дадено на арапски јазик, за арапските земји, а истото се појавува во нашиот центар во Копенхаген! Ова е срамота!

ПРЕС24: Господине Тахири, многумина со кои разговарам деновиве велат дека Вие сте еден од оние кои се дефинираат како легалисти: условно кажано интелектитално крило. Зошто се одлучивте на ваков чекор, практично за упад во ИВЗ, ако се видат оние снмки што ги објави АЛСАТ-М? Немавте друго решение или?

ТАХИРИ: Тоа што го објави Алсат-м е така како што некому одговара! Би било добро снимките да бидат дадени во целина, без монтирања, и од сите камери! Јас на работното место отидов само со својот колега г-дин Абаз Ислами, а тоа што се гледа во снимките се случило барем 15-тина минути подоцна! Но, дали некој во ИВЗ на ден 04.05.2015 имаше некаква судска одлука против мене, за потоа, Муфтијата на Скопје, и Секретарот на Муфтиниството ни забранува влез во ИВЗ! Зошто сета таа нервоза во амбиентот на ИВЗ, зошто некои од нив, чии што канцеларии се на приземје не беа во нивните канцеларии, туку сите играа улога на „полицајци”! Кој им рече да се закануваат, да пукаат со огнено оружје!? Кој употреби насилство!? Кој сака да создаде, јавно мнение дека ние сме насилници! Kој беше тој што изрече пцовки, закани, пукање со огнено оружје,! Ќе видите кој ќе заврши зад затворските решетки!

Aлсат-м го покажа само тој дел со кој сакаше да не компромитира и за што имаме информација  дека дебело е платено. Зошто не ја покажаа дупката причинета од куршум, и самиот чаур? Или пак некој помисли дека преку Алсат-М е најдобриот начин да се давалвира доказниот материјал, кој требаше да заврши во рацете на обвинителот и на судиите, а не во медиуми во кои се монтира, средува и девалвира сẻ до неприфаќање за релевантен доказ. Се надеваме дека ќе биде послушан и нашиот глас. До овој момент никој  ни се нема обратено, било со едно единствено новинарско прашање, со исклучок на прес конференциите кои ги имавме. Тогаш кога ќе биде информирано правично и точно, широката јавност многу добро ќе разбере што се кува во ИВЗ и ќе му биде полесно да пресуди во врска со актуелниот проблем. Ние не сме превземале никаква офанзивна кампања. Сẻ ќе си врви лесно и мирно, без галама, без хистерија и без стравови. Ние за хистеричниот страв немаме лек, белки го имаат органите на правниот поредок.

ПРЕС24: Ајде малку да разјасниме. Каде е моментот кога легитимитетот на Реџепи, како што велите Вие е изгубен?

ТАХИРИ: Реџепи беше избран за Реис во 2006 година со мандат од пет години. Во 2008 година  имаме  составено нов Устав и, со овој устав потоа биле преизбрани само седум муфтии. На Реисот мандатот му истекувал во 2011 година. Во меѓувреме Сулејман Реџепи требало да покрене работни комисии со цел составување нов правилник за негов преизбор. Му го имавме подвлечено вниманието за самопрогласувањето за вечен реис, му имавме речено дека не сакаме да го оставаме да згреши, да го згази уставот, се додека во неговите очи јас не постанав непријателот. Според нашиот Устав, тој не е избраниот и сега веќе во овој правец е пуштено и Професионално мнение до јавноста и до другите фактори!

ПРЕС24: Многумина сметаат дека во основа на проблемот е нешто друго, веројатно посеризоно. Вие бевте најдобри соработници на Реџепи. И Вие и господинот Ибраим Шабани. Тој како скопски муфтија беше избран отркако Реџепи го разреши Таџедин Беслими, кој впрочем се противеше на идејата за промена на Уставот на ИВЗ? Како се случи да завршите на различни страни со Поглаварпт Реџепи?

ТАХИРИ: Да, вистина е. Ние сме тие, кои со саможртвување го донесовме Сулејман Реџепи, он многу добро знае како го направивме реис. За нашиот придонес ни го должи животот. Мислевме дека е потребниот човек за таа позиција. Првите години немавме многу забелешки. Од 2011 година е сосема различно, особено од 2013 година, откако премина хаџи Јакуп Селимовски! Сулејман Реџепи, да немаше страв од нас што од време на време го потсетувавме за некои работи, ќе се сметаше неоспорливо себеси за „султан“! Над уставот! Ние се згрозивме, почнавме да го одбегнуваме, да го маргинализираме, да го одбиеме, да не му покажеме послушност и лојалност, почнавме да го игнорираме, крајно и отворено да му се спротивставуваме. Ова наше однесување тој започна да го злоупотребува, да им каже на луѓето дека сме постанале многу опасни, дека зборуваме за него како за крадец, дека сето тоа го правиме бидејќи сме имале во план да го срушиме, се ова со цел чиновниcите  на ИВЗ помалку да ни поверувале за причината на ладење на нашите односи. Тој на се претераше, а на другите им велеше дека тоа се обвниненија од моите непријатели.  Сатански старец, извалкан. А од каде дојде неговото енормно богатство постигнато за овие 4-5 години? Ние сме млади, од различни верски школи и со една ментална структура што се разликува од неговиот автократен, полициски и комунистилки менталитет. Овој си оџа има големи хипотеки.! Крадењето е неговиот последен чин. Тој во историјата ќе остане запаметен како достоен активист во борбата против албанскиот национализам и сепаратизам во 1987 година. Тој многу добро знае. Кога тогаш тој ќе биде лустриран, ако не како теолог, секако како Декан на Факултетот на Исламските Науки. Ние го повикуваме да се лустрираме заедно, јас муфтија Шабани и тој! И да се прочешламе од финансиската полиција, зошто да не! Еве, јавно го повикуваме и нека не се крие под наметката на ангелот!

ПРЕС24: Има ли вмешаност државата, како што обвинува Реџепи?

ТАХИРИ: Да, за Реџепи сиот свет е виновен, само тој е најдобриот и најпобожниот! Тој сплетува идиотски стратегии, сега веќе прочитани! Ја напаѓа државата, особено органите на правниот поредок кои еден ден ќе бидат принудени да го врзат и да го предадат  на истражните органи како криминален и штетен човек за општеството. Негов сон е, и не еднаш го има изразено, да се закачи со власта, да се елеминира од „македонската власт” со цел да се затвори неговото досие “испред националните очи” и тој да биде прогласен за жртва на “славо-македонците”! Вие немате поима како се чувствува тој кога не пишуваат за него секој ден „провладините медиуми”. Што сẻ  повеќе го критикуваат и пишуваат лошо за него сẻ поубеден постанува дека му се отвора портата за влез во страниците на националната историја. Не ви личи за соодветна личност за сместување и лекување во болница. Вие не можете да поверувате на каков начин изразува задоволство кога македонските медиуми го нарекуваат националиста! Тој целиот се топи, несомнено, тоа му е лек за спасување на периодот од осумдесетите кога го напаѓаше национализмот! Тој ја обвини државата за тоа како би реагирала во случај нешто слично да се случуваше со МПЦ! Реално, дали би дозволила државата  на чело на МПЦ да биде поставен некој без легитимност!? Ние имаме една голема забелешка наспроти судството со стапувањето на сила  на Новиот закон за Црквата, Верска Заедница и Религиозна група во 2008 година, кога требаше да се пререгистрираат верските институции! Пререгистрацијата на ИВЗ беше направена со претседател Сулејман Реџепи. Измамата беше направена со тоа што на Судот му беа дадени податоци дека наводно изборот на Сулејман Реџепи бил направен со Уставот од 2008 година, а не со тој со кој беше избран Сулејман Реџепи, значи со тој од 2003 година. Значи тука имаме едно тешко прекршување,се работи за фалсификат! Значи денес името на Сулејман Реџепи во Судството  е врз основа на фалсификат! Тогаш, како може сега Сулејман Реџепи да ја нападне државата!?

ПРЕС24: Дали можеби моќта на скопското муфтиство е причината. Има некои инфортмации дека Скопското муфтиство има завршено голем број предмети за денационализација и дека можеби тука се крие револтот на Поглаварот Реџепи?

ТАХИРИ: Тука е главниот проблем што го има ослепено и збеснато целиот! Тој има проблем само со Скопските муфтии, и со претходните, никогаш со муфтиите од сиромашните зони! Овој отворено има изразено апетити за недвижности. Неговите соништа не може да се остварат со муфтијата Ибрахим Шабани! Ќе го докажеме и ова. Има доста факти и докази. Тој многу добро знае дека јас толку многу работи знам за него што, да беше свесен ќе побегнеше азил некаде кај абориџините. Нека, за овие проблеми повеќе на суд!

ПРЕС24: Што до колку Реџепи не поднесе оставка?

ТАХИРИ: Ништо, ќе превземаше најнеопходен и најоправдан чин и, барем, ќе имаше доволно време да се припрема душевно за полесна старост. Во спротивно, задолжително, засновајќи се во нашиот устав, ќе бидат превземени неопходните мерки!

ПРЕС24: Изминативе години ИВЗ имаше проблеми со радикални структури. Не стравувате ли дека можат да ја искористат оваа ситуација и состојбата да ескалира дополнително?

 

ТАХИРИ: Многу бргу ќе се докажува дека овие структури се продукт на злоумието на Сулејман Реџепи. Кога не би имал ѓаволски намери сите тие би ги поставил под крилото на ИВЗ и во служба на сите муслимани. Сулејман Реџепи произведува криза, иницира проблеми, создава ликови и, потоа, се појавува во јавноста како експерт за нивно елеминирање. Сите се лоши, само Сулејман Реџепи е добар. Ова е неговата макевијалистичка стратегија.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега