Златен и сребрен медал за вината на Тиквеш на натпревар во Бордо

Црвеното вино „Барово“ од бербата 2011-та освои уште едно злато, а белите вина „Ркацители Special Selection” и „Бела Вода“ од бербата 2012-та освоија сребрени медали на натпреварот „Les Citadelles du Vin 2013“ што се одржа во Бордо, Франција.

На годинашното 13-то издание на овој реномиран вински натпревар се оценуваа 1.159 различни вина од 29 земји од светот. Вината беа оценувани од 60 експерти-дегустатори кои доделија вкупно 133 златни и 208 сребрени медали, во најголем дел на вината произведени во познатите вински земји: Франција, Шпанија, Италија, Австралија, Чиле ...

- Нашето „Барово“ е единственото вино од Македонија и регионот кое е наградено со златен медал на овој реномиран натпревар. Тоа е уште една потврда дека и ние во Македонија знаеме и можеме да произведеме вино со врвен квалитет, достојно да биде „рамо до рамо“ со светската винска елита, вели изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

Од почетокот на 2013-та година, на 9 значајни вински натпревари, винарницата „Тиквеш“ освои 42 медали и специјални признанија за квалитетот на своите врвни вина.

ФОТО: Кафепауза

најчитано сега