Презентација на кредитите за поддршка на микро, малите и средните компании

 

Компаниите лоцирани на територијата на Скопскиот плански регион, пред се микро, малите и средните денеска ќе можат да се запознаат со кредитите за поддршка кои ги нудат комерцијалните банки, Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), но и преку останатите програми за финансирање на мали и средни претпријатија.

На настанот „Финансирање за развој на мали и средни претпријатија - МСП“ организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Бизнис центарот на Скопски плански регион, претставници на банкарскиот сектор ќе ги презенираат условите и можностите за кредитирање кои се достапни за компаниите.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега