ВИДЕО: Детали за големиот пожар во Карпош 4 кој се гаси и со авион
Голем пожар претпладнево избувна во просториите на поранешно Макотекс во Карпош 4 во близина старата Македонска телевизија.
Според наши информации, гори објект кој во минатото бил трафика, а сега се користи како магацин во кој е складирана пластика која се користи во градилиштето. Но во близина се наоѓаат и неколку сервиси, но и простории кои се користат од скопските музичари, генерално за музички проби и студија.
Во опасност е и станбена зграда која е во непосредна близина на објектот кој во моментот е во пламен. Интервенираше и ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување кој фрли вода врз огнот.
До овој момент нема информации за евентуални повредени во огнената стихија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа