88 невработени лица добија сертификати за напредни ИТ вештини

 

88 невработени лица денеска добија сертификати за завршени обуки за напредни ИТ вештини. Обуките ги организираше Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Р. Македонија, а ги спроведе најголемиот едукативен центар во државата Семос Едукација, партнер на Мајкрософт, Циско, Аутодеск, Адобе, Јава и Оракал. Со овие обуки невработените лица се стекнаа со интернационално признати сертификати.

Сертификатите на невработените лица им ги додели министерот Диме Спасов кој истакна дека за реализација на овие обуки за 88 лица кои што ги завршија изминатиов период обезбедни биле околу 8 милиони денари.

Тој наjави дека на почетокот на јуни месец во соработка со АВРМ е планирано да се распише нов јавен повик за обуки за невработени лица за ИТ вештини со кој ќе бидат опфатени околу 220 невработени лица за кои што веќе се се обезбедени околу 22 милиони денари

-Изминатите години овие обуки ги поминаа над 470 лица од кои што веќе вработени се 240 лица, а со најавените странски инвестиции потребата за ваков кадар и за вакви вештини е навистина голема и токму поради тој факт го зголемивме обемот и опфатот на невработени лица кои што ќе ги завршат ваквите обуки со цел побрзо и полесно да стигнат до работа. Да им овозможиме на овие лица да се стекнат со соодветно работно место, истакна Спасов

Валентина Тасева, директор на Семос Едукација информираше дека вкупно биле завршени 220 обуки од кои слушателите се здобиле вкупно со 160 различни меѓународни и интернационално признати сертификати.

-Вкупно беа забршени 220 обуки, слушателите се здобија вкупно со 160 различни меѓународни и интернационално признати сертификати. На тој начин тие излегуваат не само на пазараот на трудот во Македонија туку излегуваат на пазарот на трудот и глобално со можност да работат од дома. Значи без потреба да ја напуштаат нашата земја, да останат тука, да најдат можност за вработување некаде во оној паралелен интернет онлајн свет и на тој начин да постигнат подобри резулатаи и извоз на знање од нашата земја кон светот, истакна Тасева.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега