Од невработена до сопственик на старечки дом - владините политики даваат резултати

 

Невработената Даниела Стојковска со помош на грантот за самовработување од Владата го отвори 17от дом за стари лица во Сопиште, со што освен што нашла работа за себе, исто така помага и на постарите лица, пренесе Сител.

Министерот Спасов истакна дека со помош на владините мерки се отворени 17 Домови за стари лица, во постапка на основање се уште 4 а продадени се и три локации за изградба на нови домови.

Досега над 1400 невработени лица аплицирале за грантовите за самовработување. Од нив најдобрите 500 ќе бидат селектирани овој месец, а во јуни ќе ги добијат парите за да започнат сопствен бизнис.

 

 

Оцени ја веста

23.05.2015 - 23:32
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега