Тачи ќе ја тужи Србија за геноцид

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи денеска на седница на Советот за безбедност на ОН за Косово рече дека Приштина наскоро ќе покрене тужба против Србија за геноцид и ќе побара отштета.

Според него, за тоа се подготвува соодветна документација. Тачи додаде дека Приштина ќе побара независна меѓународна истрага за настаните во Куманово кога во оружен судир загинаа осуммина македонски полицајци и 14 напаѓачи.

- Косовската полиција го осудува насилството. Нема да поддржиме ниту една акција што би ја дестабилизирала Македонија. Силно го поддржуваме Охридскиот договор, наведе Тачи.

Како што јави Танјуг, наводите за формирање голема Албанија тој ги отфрли како неосновани и оцени дека Белград и Приштина наскоро треба да пристапат кон „меѓусебно признавање“

 

 

Оцени ја веста

26.05.2015 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега