Келам разочаран од ЕУ: Македонија не беше третирана според заслугите

 

-Мислам дека сега се доведени во прашање кредибилитетот и волјата на Европската Унија, мислам на нејзините Влади, на нејзините држави членки, време е да го напуштат принципот на единствена фамилија. Ова нас не загрижува, свесни сме за принципот на едногласност, ако еден или двајца министри не можат да се согласат, но прашањето е колку долго можеме да живееме со ваква неприродна ситуација, изјавил естонскиот пратеник Туне Келам на тема отсуството на прашањето за Македонија на вчерашниот Самит на Европскиот Совет, пренесува МТВ. 

До поголема разочараност доведе и пораката која ЕП ја упати минатиот месец во Стразбур, дека очекува Европскиот Совет да ја поддржи Македонија на јунскиот Самит.

-Парламентот декларираше дека сите кандиати за членство во ЕУ, треба да се третираат врз основа на нивните сопствени заслуги. Овој принцип не беше применет за Македонија, затоа што сега гледаме на Србија ќе и се даде зелено светло, а Македонија имаше долги подготовки, вели Келам, додавајќи дека очекувал земјите членки на ЕУ да бидат пофлексибилни особено за прашањето за наметнатиот спор со името.

На дводневниот самит, на агендата на европските лидери ќе се најде седумгодишен буџет на ЕУ, пакетот мерки за намалување на невработеноста, а се очекува и Србија да добие датум за почеток на преговорите со Унијата во јануари следната година. Косово, пак, се очекува да добие договор за стабилизација и асоцијација

најчитано сега