Како ќе оди процедурата за откуп на стаж за пензионирање?
Собранието ги поддржа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои треба да се создаде можност за докуп на стаж за граѓаните на кои не им е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008 година. Датумот кој е определен како граница за можност за откуп на стаж е поради фактот дека од 1 јануари 2009 година започна системот на интегрирана наплата на плати и придонеси, пишува Лидер.
Граѓаните на овој начин ќе можат да го остварат своето право на пензија или пак на повисока пензија, со правото по повластена стапка да го докупат стажот за кој во компаниите во кои во минатото работеле не им биле платени придонеси, а кои во моментов не постојат, односно згаснале како резултат на стечај, ликвидација или од најразлични причини.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се воспоставува законска можност на осигурениците кои што биле пријавени до 31 декември 2008 година, а не им би платен придонесот на пензиско и инвалидско осигурување да можат да извршат плаќање на тој придонес и да остварат стаж на осигурување и право на пензиско и инвалидско осигурување. До 31 декември 2008 година придонесите од задолжително социјално осигурување се плаќаа поединечно, така на пример, честопати се плаќаше придонесот за здравствено осигурување, како најприоритетно додека придонесот за пензинско и инвалидско осигурување не го плаќаа веднаш и во истиот период, а после извесен период тие правни субјекти престануваа да постојат поради стечај, ликвидација или други технички структурни промени и осигурениците остануваа без стаж на осуигурување и не можеа да ги остварат своите права за пензиско и инвалидско осигурување, вели Ирена Ристеска од Министерство за труд и социјална политика. Овој проблем сега е надминат со електронското плаќање на придонесите и интегрираната наплата од први јануари 2009 година, меѓутоа голем број на осигуреници до 31 декември 2008 година останаа без својот стаж на осигурување иако работеле во тој период. Токму ова е причината то предложените измени ке овозможат плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од осигуреникиот осносно работникот.
Како ќе оди постапката и процедурата за откуп на стаж?
Постапката ќе оди преку Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, односно во филијалите на Фондот. Секој заинтересиран осигуреник, потребно е да достави барањње- образец. Тој ке биде објавен во Службен весник, по донесувањето на законот со подзаконски акт. Фондот за пензинско и инвалидско осигурување по приемот на барањата ќе ги направи следните проверки – пред се осигуреникот е потребно е да бил пријавен во задолжително пензиско и инвалидско осигууање или едноставно да имал пријава М1, М2 кај одреден правен субјект, тоа го проверува Фондот на ПИОМ преку податоците во матичната евиденција која што расплага. Втор момент е Фондот за ПИОМ треба да утврди дека за бараниот период од осигуреникот правниот субјект не извршил плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигуруање во целост, или делумно платил, а делумно не платил – тоа исто така Фондот ќе го констатира со записник и третиот услов правниот субејкт да е избран од Централен регистар на Р.М односно од друг регистар пред преземањето на податоците од ЦР и овој дел од обезбедувањетио на доказите Фондот ќе го врши по службена должност по пат на размена на податоци со централниот регистар. Значи процедурата е многу едноставна, преку поднесување на барање, осигуреникот ќе може да го оствари правото на плачање на социјалните придонеси, вели Ристевска од МТСП
На која основица ќе се плаќаат продонесите?
Плаќањето на придонесот на пензиско и инвалидско осигуруање ќе се врши на најниската основица која што со закон постои а е утврдена, а тоа е на 50 % од просечна бруто плата или отприлика околу 2 800 денари за секој месец неплатен придонес, по плаќањето на придонесот осигуреникот ќе може да оставри право од пензиско и инвалидско осигурување, значи тој стаж ќе се утврди во матичната евиденција на Фондот на ПИОМ и соответно на тоа ќе може да оствари право на старосна и индвалидска пензија.
Мерката откуп на стаж- поздравена и од синдикалците
Откупот на стажот ќе го реши долгогодишниот проблем на работниците од пропаднатите фирми.По намалени стапки ќе можат да си ги платат придонесите и да се стекнат со право на пензија. Според првиот синдикалец, Живко Митревски, со оваа владина мерка што Премиерот ја најави од собирот во Прилеп голем број работници ќе го најдат решението за пензискиот стаж. Со новите законски измени ќе можат да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 31.12.2008 година.
-Со новите законски измени кои за брзо време ќе се најдат и во собраниска процедура ќе можат да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 2008 година со што лицата ќе може да решат еден децениски проблем од минатото.Во минатата година до службите во синдикалната организација дошле 1500 барања со проблеми околу неплатени надоместоци, така што најавените мерки се добродојдени за надминување на ваквите децениски проблеми, вели првиот синдикалец Живко Митревски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа