Јованка Броз сакала да го убие Тито?

На поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, за жал, имало и такви кои му посакувале смрт. Нема да верувате, но на таа листа се најде и неговата сопруга Јованка Броз.

Откако се влошила здравствената состојба на Тито, Јованка често му забранувала да ги зема препишаните лекови, зборувајќи му дека некој сака да го отруе. Но советниците на Тито се плашеле дека токму таа сака да го убие, пренесува kurir.rs.

Јованка се спротивставувала на било каква терапија, на инекции, а на почеток се противела и на инсулинската терапија, иако постоело опасност Тито да падне во кома. За нејзината параноична состојба, медицински е констатирано психичко пореметување.

Нејзиното расположение често се менувало, а се карактеризирало со зголемена агресивност. На почеток се мислело дека станува збор за климакс, но подоцна, како што се наведува, се утврдило дека станува збор за параноично пореметување.

 

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега