Тројца убиени во напад во центарот на Тирана

Три лица се убиени синоќа во центарот на албанскиот главен град Тирана, кога врз нив е отворен оган од возило во движење.

Како што јавија албенските медиуми, нападот се случил на еден од централните булевари во Тирана, кога врз жртвите било пукано од џип марка „Тојота“ во кој имало три лица.

Една од жртвите починале на самото место на место на нападот, додека другите две им подлегнале на здобиените повреди на пат кон болница.

Во врска со инцидентот албанската полиција привела пет лица, од кои две се товарат дека го извршиле нападот, а другите три се обвинети дека им помагале во неговата подготовка.

Мотивите за нападот засега не се познати.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега