Забележан раст на бројот на работници во индустријата

 

Бројот на работници во индустријата во април е зголемен за 1,6 проценти во споредба со истиот месец 2014 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст се бележи во секторот Преработувачката индустрија за 2,4 проценти, додека намалување има во секторите Рударство и вадење на камен за 4,5 отсто и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за три проценти.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2 проценти, Капитални производи за 18,4 проценти и кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти. Намалување на бројот на работници има кај Енергија за 4,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 проценти.

Во однос на периодот јануари - април бројот на работници во индустријата е зголемен за два проценти во споредба со истиот период минатата година. 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега