Форбс ги објави најбогатите луѓе на Балканот - кој Македонец е меѓу нив?
Магазинот Forbes во новото издание ја објави листата на најбогати бизнисмени во регионот, пишува jutarnji.hr.
Првите три места ги држат Хрвати. На самиот врв се наоѓа сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ. Веднаш под него е Бранко Роглиќ, а сопственикот на Аглантик груп- Емил Тедески го зазема третото место.
Со приходи од 463,7 милиони евра од компанијата Делта Холдинг, на четврто место се врати српскиот бизнисмен Миодраг Мишковиќ.
Популарната мобилна апликација Talking Tom, им го донесе првото место во Словенија на брачниот пар Иза и Само Логин, кои се сопственици на компанијата специјализирана за мобилни апликации Outfit7.
Во БиХ, со остварени 330,5 милиони евра на првото место се најде сопственикот на компанијата Хифа група, Изудин Ахметлиќ.
Во Македонија, веќе три години со ред, најбогат бизнисмен е Минчо Јорданов со заработен приход од 26,4 милиони евра од неговите металуршки и градежни компании.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа