Мизо: Изградени се вкупно 14 технолошко индустриски развојни зони
Денеска во близината на Делчево е поставен камен темелникот на новата технолошко индустриската развојна зона.
Камен темелникот го постави премиерот Никола Груевски, а се очекува ТИРЗ Делчево да го реши најголемиот проблем во овој дел на земјата – невработеноста .
За новата технолошко индустриска развојна зона на вестите на Канал 5 зборуваше директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.
Зоната во Делчево ќе се простира на 20,8 хектари површина, каде ќе има осум градежни парцели за потенцијални и идни инвеститори.
-Според планот на Владата, вкупно 14 технолошко индустриски развојни зони се лоцирани на различни локации низ целата држава. Ова е 14-та зона со која се започнува изградбата на инфраструктурата. Освен зоната во Скопје, зоната во Штип, зоната во Тетово, Кичево, Прилеп, Ранковце како и зоната во охридско-струшкиот регион веќе имаат компании кои се функционални или компании кои го градат своите производствени капацитети и се надеваме дека до крајот на оваа година, или до средината на идната сите 14 ќе најдат барем по една компанија која ќе донесе одлука да го лоцира своето производство таму, истакна Мизо.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа