Милка, Милена и Мирко останаа без двајцата родители во ист ден - трите дечиња се без покрив над глава

Петнаесетгодишната Милка, четиринаесетгодишната Милена и седумгодишното момченце Мирко ги снајде голема трагедија кога  останаа во ист ден без двајцата родители. Како што пишува порталот Ексклузива.ба, на 8 мај 2012 тие останале без својата 32-годишна мајка, а на истиот ден по три години, починал и нивниот татко. 

Дечињата од Босна ја делат својата тага со својата баба Милка и со нивниот дедо со кои живеат заедно. Со надеж дека добрите луѓе ќе им пружат рака и ќе им помогнат, се надеваат дека некогаш ќе ја завршат куќата која почнал да ја прави нивниот татко, и дека ќе живеат во неа.

- Најмногу ми недостасуваат мама и тато. Сакам да можевме да живееме заедно во онаа куќа која тато почна да ја гради за нас, вели малиот Мирко низ солзи.

За жал, ни на неговите постари сестри не им е воопшто лесно. Иако се сеуште деца, мораат да се грижат за помалиот брат и да ја превземат улогата и на родител.

- На сите ни е страв, сите сме осамени. Ноќите се најстрашни, вели бабата.

Семејството бара помош од добрите луѓе кои сакаат да помогнат за да си го остварат својот сон.

 

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега