Познатиот фудбалер и кажа на девојката дека оди на одмор - си се ожени со друга жена!

 

Верувале или не, познатиот фудбалер на  Њукасл Папис Сисе и го скрши срцето на својата девојка откако и рече дека ќе оди на одмор, за по само три дена да се ожени со друга. Рејчел Грем (24) поранешната кралица на убавината и Мис на Њукасл, откри дека го испратила 30 годишниот сенегалски напаѓач на одмор од еден месец во својата родна земја, а тој таму си се оженил. 

Пријателите на некогашната двојка се сомневаат дека семејството на фудбалерот не дозволувало да имаат заедничка иднина поради религијата. Имено, Сисе е муслиман, кој се моли пет пати дневно. Рејчел и Папис ја прекинале врската минатата година, но неодамна почнаа повторно да се гледаат.

- Повредена сум и згрозена сум бидејќи дознав дека се оженил, а ништо не ми кажа. Но тоа е негов живот, тој така избра, такашто не можам ништо да направам, изјави Рејчел.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега