Трогателна исповед на мајката на кошаркарскиот ас Дражен Петровиќ

Мајката на загинатиот кошаркар Дражен Петровиќ за хрватските медиуми даде трогателна изјава. Таа  во интервјуто зборува за неговот детство и додаде дека нејзиниот син не било дете кое припаѓа на овој свет. 

 -Дражен беше тивко, но весело дете. Го гледавме како кукла, како дете кое мора вечно да остане дете. Имавме потреба вечно да го штитиме, бидејќи како мал имаше ишчашени колкови, мораше уште од шест месеци да носи ремени. Но, ни тогаш не чувстуваше тага, играше со ремените. Како растеше, сфаќав дека имам дете кое не припаѓа на овој свет, изјваила Бисерка Петровиќ

Исто така таа раскажува за кобиниот ден кога нејзиниот син загина во сообраќајна несреќа во Германија. 

biserka-petrovbic-500

- Се чув со него телефонски два и пол часа пред несреќатга. Вечерта околу 11 часот ми се јави телефонски еден женски глас и на лош хрватски јазик ми кажа дека Дражен загинал. Кога сфатив дека е тоа вистина, најверојатно од шок, истрчав на балкон. Сопругот ме спречи во последен час – раскажува мајката на кошаркарскаат ѕвезда 

За потсетување, Дражен Петровиќ беше најдобриот кошаркарски ас на сите времиња, тој загина на 7 јуни 1993 година во Германија. 

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега