Последната порака на убиениот Станко: Ништо не ми е важно освен таа

17-годишниот М.И. од Србија пукал во 16-годишниот Станко Глигоревиќ со кој заедно учеле во Основно училиште, бидејќи биле заљубени во иста девојка.

Телото на момчето било пронајдено вчера во дворот на Основното училиште околу 13 часот. Убиецот во полиција го донел неговиот татко.

- Децата кои инаку биле најдобри пријатели се скарале во училишниот двор. М.И. толку се разлутил што во еден момент извадил пиштол и пукал, бидејчи биле заљубени во иста девојка, вели извор за српскиот Курир.

Инаку, последната порака која ја оставил Станко била напишана на Фејсбук и гласела Ништо друго не ме интересира освен неа...

Во училиштето се собрале голем број ученици и родители кои гледале шокирани што се случува.

 

 

Оцени ја веста

07.06.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега