МТСП: 400 нови транзитни дозволи за во Германија

На состанокот на Македонско – германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија што се оддржа во Бон, Република Германија, парафиран е протокол на кој е договорено за 2015 година да се размени дополнителна квота од 400 билатерални транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандарди.

 

Исто така договорена е прелиминарна квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година и тоа:

-         

2000 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 3 стандард

-         

1000 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 4 стандард

-         

4700 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандард

-         

1000 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 6 стандард

-         

150 дозволи за трети земји за возила со евро 4 стандард

-         

450 дозволи за трети земји за возила со евро 5 стандард

-         

50 дозволи за трети земји за возила со евро 6 стандард

-         

10 годишни дозволи за возила со евро 4 стандард

-         

50 годишни дозволи за возила со евро 5 стандард

-         

5 годишни дозволи за возила со евро 6 стандард

Договорената квота на дозволи за 2016 година е за 1200 дозволи поголема од досегашната квота или за околу 18% повеќе. 

 

Договорените квоти на дозволи во целост ќе ги задоволат потребите на Македонските превозници кои вршат превоз на стока до и низ територијата на Република Германија. 

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа