Македонија атрактивна за туристите

 

Во април Македонија ја посетиле 52.298 туристи што е зголемување за 17,6 проценти во споредба со тој месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ноќевањата во овој месец се зголемени за 10,3 отсто и изнесуваат 103. 727. 

Зголемување има кај бројот на странски туристи за 30,9 проценти, а намалување се бележи кај бројот на домашни туристи за 5,2 отсто. И ноќевањата на странските туристи се зголемени за 22,2 проценти, а на домашните туристи намалени за 5,1 процент.

Во периодот јануари - април за 8,7 проценти е зголемен бројот на туристи и за 2,8 отсто бројот на ноќевањата. Зголемување има кај бројот на странските туристи, а намалување кај домашните туристи, говорат податоците на Статистика.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега