Владиниот проект „Македонија вработува“ досега вработи 1960 лица

 

Вкупно 1960 лица добиле работа преку владиниот проект „Македонија вработува“.

Заклучно со вчерашниот ден, овие лица се вработиле во 1465 компании, информираше денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

- Овие 1960 лица кои изминатиот месец и неколку дена, односно пред започнувањето на овој проект беа без работа, сега се на своите работни места во приватниот сектор и остваруваат редовни средства и редовна плата за лична и егзистенција на своето семејство. Од друга страна пак, овие 1465 компании кои што досега ги скористија поволностите од проектот, имаат солидна заштеда при отворањето на нови работни места, меѓутоа исто така и проширувањето на својот бизнис, бидејќи секое ново вработено лице помага во развојот на приватните фирми, рече Спасов.

Од 1960-те вкупно вработени, 696 се млади лица до 29 години, а 649 се лица до 35 години.

-Позитивно е да се истакне дека и повозрасните лица ги користат бенефициите и веќе полесно и побрзо стигнуваат до работно место. Над 50 години се вработени вкупно 276 лица, од 35 до 50 години 212 лица, додека пак над 58 години се вработени 103 лица, додаде Спасов.

Овој проект на Владата, директно е насочен кон зголемување на вработеноста, односно на намалување на невработеноста во РМ, но е и директна помош пред се на домашните компании во државата.

 

 

Оцени ја веста

13.06.2015 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега