Македонците за резервоар дизел работат три дена

Анализите кои ги спроведе црногорскиот дневни весници, ги покажуваат цените на горивата кои од денеска стапуваат на сила во речиси сите земји од поранешна Југославија.

Во Македонија, граѓаните за осум часа заработуваат во просек по 16 евра, а цената на горивата се значително најефтини во однос на земјите од регионот.Литар BMB во Македонија изнесува 1,17 евра, додека дизелот е убедливо најефтин од 0,93 евра.

И покрај јако ниските цени на горивата Македонците за резервоар дизел работат три дена, додека 30 часа работа им е потребно за резервоар евродизел.

Цените на бензините во Црна Гора, од денеска, се нешто повисоки, така што за литар BMB 98 потребни им се 1,38 евра, а литар BMB 95 чини 1,34 евра.

Цената на евродизелот како и цената на останатите горива оснануваат исти, што значи дека литар евродизел во велепродажба чини 1,17 евра, а литар масло чини 0,89 евра.

За полн резервоар од 50 литри бензин BMB 98,Црногорците треба да издвојат 69 евра, а 67 евра ако возилото им работи на BMB 95, односно 59,5 евра за возилата кои користат евродизел.

Со оглед на тоа што црногорските граѓани во просек заработуваат плата од околу 480 евра, со осумчасовно работно време, за еден час заработуваат 2,7 евра, за да го наполнат полн резервоарот мораат да работат три дена.

Преведено во часови, за резервоар бензин, Црногорците работат 25 часа, а околу 23 часа за 50 литри евродизел.

Во другите држави цените на горива и просечната заработка се поинакви, па и самите пропорции се поинакви.

Споредбената анализа на цените на нафтените деривари со просечна заработка по час, покажува дека во најдобра положба во регионот се наоѓа Словенија.

Граѓаните во таа држава по час заработуваат 15,6 евра, па за полн резервоар бензин мораат да работат нешто повеќе од четири часа, или речиси четири часа кога е во прашање евродизелот.

На второ место е Хрватска чии граѓани точат најскапо гориво од сите држави во регионот. Сепак со оглед на тоа дека работниот час на еден Хрват во просек изнесува 9,4 евра, за полн резервоар бензин мора да работи еден работен ден, односно 6,5 работни часови за 50 литри евродизел.

Во БиХ литар бензин чини 1,15 евра, додека дизелот е 1,07 евра. Набљудувачите на оваа споредба, низ работните часови пресметуваат работен час од 2,4 евра, Босанците како и Црногорците мораат три дена да работат за резервоар бензин. Но, за да наточат полн резервоар евродизел возачите морат да работат 22 часа непрекидно.

Србите работат 3,5 дена за полн резервоар бензин, а речиси четири дена за 50 литри дизел.    

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега