Пропадна четвртиот мобилен оператор во Македонија

Пропадна четвртиот мобилен оператор Албафон. Корисниците на оваа мрежа вчера добиле известување дека компанијата престанува да функционира и дека треба да се префрлат на друга мрежа.

Албафон, кој работеше со префиксот 073, на пазарот целеше кон албанската популација и достигна до скромни 16 илјади корисници за две години. Функционираше како виртуелен мобилен оператор кој ја користеше мрежата на ОНЕ.

Неофицијално Економски.мк  дознава дека токму долговите кои компанијата ги направила по оваа основа довеле до одлуката Оне од денеска попладне да престане да им ја нуди инфраструктурата.

Од Оне велат дека потегот доаѓа по повеќе неприфатени предлози до Албафон за раздолжување. Не се откриваат информации за висината на долгот.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега