Продолжува проектот за енергетска сиромаштија кој им помогна на голем број семејства

 

Владата продолжува со големиот проект за енергетска сиромаштија, кој досега им помогна на голем број семејства, а се планира и негово зголемување.

Правото на заштита од енергетска сиромаштија е воведено во 2010 година и изнесуваше 600 денари.

Две години подоцна, во 2012 година, ова право се зголеми на 700 денари.

Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека Владата продолжува со овој значаен проект.

-Веќе сега од јули, со сметките што ќе се плаќаат во јули, ќе биде 800 денари. Планот е, според програмата на Владата, следната година да биде 900 денари, а од 2017-2018-та година да биде 1000 денари. Ние тоа што го воведовме во 2010-та година не само што го одржуваме континуирано туку и постепено ги зголемуваме, истакна Груевски.

Овој проект во 2015 година ќе опфати до 10.000 корисници, а буџетот за проектот изнесува 81 милион денари.

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега