Златната топка кај Нејмар копачката заврши кај Торес

 

Новиот играч на Барселона, бразилскиот напаѓач Нејмар беше прогласен за најдобар фудбалер на Купот на конфедерациите. Тој на петте одиграни натпревари за „кариоките“ постогна четири голови а еден од нив постигна и на синоќешниот меч против светскиот и европски шампион Шпанија. Најефикасен беше играчот на „црвената фурија“ Фернандо Торес со пет постигнати погодици колку што имаше и Фред. Сепак „Златната копачка“ заврши кај фудбалерот на Челзи поради помалкуте минути поминати на теренот. 

Бразил на ова натпреварување го имаше и најдобриот голман - Жулио Цезар.

Наградата за „Фер плеј“ ја доби репрезентацијата на Шпанија. 

најчитано сега