Премиерот Груевски во лов на странски инвеститори
Премиерот Никола Груевски ќе биде дел од бизнис форум организиран од групацијата „Македонија 2025“ во Париз,Франција, со цел презентација на можностите за инвестирање и поволностите кои се нудат во Македонија како и поврзување на повеќе успешни бизниси водени од македонски и претприемачи низ Европа и светот и можностите за нивен импакт во развојот на македонската економија.
Заедно со премиерот во бизнис делегацијата се министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Горан Мицковски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски.
На форумот воведно обраќање ќе има македонскиот премиер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа