Државниот долг на Грција 177,1 процент, на Македонија 36 проценти

 

Македонија за разлика од Грција и понатаму останува четврта најниско задолжена земја во Европа и регионот со вкупен државен долг од 36 проценти и јавен од 43,6 проценти.

За споредба, државниот долг на Грција изнесува 177,1 процент и е за 141,1 процентни поени повисок од државниот долг на Македонија.

За разлика од својот јужен сосед кој не успеа навреме да го сервисира својот долг кон ММФ, Македонија предвреме го исплати долгот кон оваа реномирана меѓународна институција. Во текот на февруари Македонија предвреме исплати долг кон ММФ во износ од 174 милиони долари со што го намали нивото на државен и јавен долг за 1,7 процентни поени.

Доказ дека Македонија е четврто наниско задолжена земја во регионот се и последно објавените податоци на Евростат за нивото на просечниот државен долг на земјите од еврозоната.  Според овие податоци  просечниот државен долг, во земјите од еврозоната изнесува 91,9 проценти и е за 55,9 процентни поени повисок од државниот долг на Македонија.

Потврда за стабилното ниво на долгот Македонија годинава доби и од реномираните агенции за кредитен рејтинг Стандард и Пурс и Фич.

За разлика од Македонија, агенцијата за кредитен рејтинг “Фич“ вчера повторно го намали кредитниот рејтинг на Грција на ЦЦ.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега