Малолетник запали палма во Велес

 

СВР Велес го расчисти настанот од 12. минатиот месец кога во 23 часот и 50 минути 15- годишен малолетник од Велес во „Младинскиот парк“ во Велес со запалка ја запали кората на едно од засадените дрва- палма.

Малолетникот во моментот бил во друштво со уште неколку другарчиња, и според информациите, истиот од љубопитност ја запалил палмата, која подоцна е изгасната со интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес. Родителот на малолетникот заедно со малолетникот веднаш се повикани во просториите на Полициска станица Велес, каде е обавен разговор. Документираниот настан ќе биде доставен до надлежното обвинителство.

Со наведеното, причинета е материјална штета од 500 евра.

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега