И ние сакаме ваква криза: Нема да ви се верува колкави плати и пензии се делат во Грција
Доколку сте вработен во јавниот сектор во Грција, Вашата плата ќе се движи некаде околу 1.200 евра. Ништо полошо нема да ви биде ниту ако сте пензионер. Секој месец, на вашата сметка ќе легнуваат околу 800 евра.
За грчките финансии да излезат од негатива, економските аналитичари пресметуваат дека Ципрас ќе мора да ги преполови платите и пензиите, па администрацијата би добивала по околу 600 евра, а пензионерите не повеќе од 400.
Тоа, според експертите значи дека Грција би требало да се спушти на стандардот во Бугарија, каде просечна плата е 600 евра, а пензиите се околу 400 евра.
Ако се прави споредба со Македонија, Грците се уште би биле со речи си двојно повисоки плати од нашите. Во земјава, просечна плата е околу 350 евра, а просечна пензија, помалку од 200 евра.
Сепак, аналитичарите велат дека намалувањето на платите во јавниот сектор и кастрењето на пензиите нема да го реши грчкиот проблем. Напротив. Тоа ќе ја намали количината на пари во оптек и куповната моќ на граѓаните, што ќе има негативни импликации врз растот на бруто домашниот производ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа