Марјан Николовски: Славјан од бирото зад тајните служби

 

“Ќе се покриеме со портокалов мрак”. Видиш… Тоа е таа реченица што го прави Славко Јаневски визионер… Далекупогледен… Ма го прави Светец…  Таа е таа реченица која деновиве е најцитирана. Чудно. А, доаѓа од Големиот колеж. Тоа е уште посимболичен наслов, визонерски. Еве ги потсетувам оние кои не ја прочитале песната, да ја пронајдат. Многу посиболично е насловот да го цитираат, место стиховите. А и има поголема поента.  Но, од истите цитирачи, малкумина би се согласиле дека насловот на таа збирка е малку чуден. За мене измејувачки за еден од столбовите на македонскиот идентитет. Не знам зошто, но ете Слвако, или Славјан, како веројатно подобро се чувствувал, решил таа стихозбирка, во 1966, веројатно во занесот на соработката со тајните служби и во периодот на омаловажување на верата и религијата да ја наслови, “Евангелие по Итар Пејо”.  Можеби и да е случајно. Не знам. Но, нејсе. Тоа е литература, уметност, поезија… и нејзиното разбирање секој го толкува и сфаќа врз основа на своите интелекутални капацитети. Тоа е тоа. Кој колку умее и колку може. Уметноста е индивидуална перцепција заснована на вкусови. А пезијата, романите, сценаријата… сетоа тоа е уметност, за некого добра, за некого лоша. Толку за уметничкиот и вреднувачкиот момент во творештвото на Славко Јаневски. Иако можеме многу да дебатираме за тоа, затоа што знам дека најголем дел од дежурните критичари на социјалните мрежи, кои нели деновиве со пиетет редат хвалоспеви за Славјан, мислат и веруваат дека “Тврдоглави” е роман за воденичарите. Од него веројатно се сеќаваат само на Онисифор Мечкојад, ако воопшто и се сеќаваат!!!

Не ми е поентата воопшто да го омаловажувам, ниту да го негирам делото на Славјан, иако морам да признам дека лично, за мене,  Петрета М. Андревеeвски, истиот тој за кој Славјан давал негативни вредносни судови пред другарите од це-ка, е Достоевски за него. Ама тоа е мој впечаток. И не мислам за тоа да дебатирам.

Но, апсолутно сакам и мислам дека треба да се дебатира за неговата положба, улога и влијание во општетсвото. Тоа што не е меѓу живите и тоа што оставил голем литературен опус, не го прави недопирлив. Не го прави табу тема.

Една работа е факт. Јасна, недвослислена. Славко Јаневски бил соработник на тајните служби. Самоволно, со досие, со псевдоним – Славјан.  И тоа поприлично обемно досие. И тој факт, за никого не треба да биде спорен. Барем така треба да биде. Дали има поента лустрација на починати лица исто така е предмет за дебата. Јас апсолутно сметам дека за се и за секого, тој дел од историјата треба да се обелодени. Комисијата за лустрација апсолутно треба да го објави и комплетното досие на Јаневски, па секој да прочита, да види, да анализира. Што и за кого напишал во неговите службени белешки. Малку е смешен обидот на еден од членовите на комисијата, кој секогаш има забелешки на решенијата, да го амнестира Славјан. Вака некако звучи неговата одбрана: “Тој не кодошел, само давал вреднсни судови за делата на други писатели, поети….” Види сега. Давал вреднсни судови??? Кој му бе дал право на Славко Јаневски да дава вреднсни судови, за поезијата на Андреевски, на Тодоровски, за репортажите на Заревски??? И притоа од тие негови субјективни погледи нечии судбини добиле друг тек, само поради наипишана реченица, збор, стих. Ако тоа не е гушење на слободата на изразување, ако тоа не газење врз човечкото достоинство, ако тоа не е кодошење од идеолошки причини,  тогаш веројатно ова општество има сериозен проблем со вредностите.

Ма не. Нема општеството проблем со вредностите, тој прблем го имаат оние кои себе се декларираат како “чувари на човековите права и слободи”. Ама на своите ближни. Нив не ги засегаат правата и слободите на репресираните и угнетени личност кои изгубија семејства и животи, затоа што на Славјана и таквите како него не им се бендисувало нивното размилсување, а честопати и нивните изгледи. Да. Ако прошарате по досиеајаат, по тие грозни писанјија, ќе најдете и такви ситиации. Едноставно некој физички не личел да биде Комунист. “Он вака не зборува јавно, ама по изгледот се гледа дека е против братсвото и единството”.

И сега за парадоксите. Македонија го уништувала својот индетитет, својата историја, па го рушела темелот. Занете преседан е да се објави досието на Славјан за блискоста со тогашнната режимсака власт, бидејќи тој бил авторот на првиот македонски роман. Замислете ја оваа глупост, оваа бесмисленост. Со Славкота почнува македонската литература, македонската проза, македонскиот идентитет. Село зад семуте јасени е роман напишан 1952 година. Ние го величаме како најмаркантен момент за македонскат литература. Кој ја даде таа оценка? Це-ка? Славјан сам? Се претходно не е македонско. Се претходно не ја отсликува македонската литература. И после Божидар Димитров, бил будала и негатор на македоскиот идентитет, затоа што тврди дека оваа нација има историја, литература, идентитет, пишан збор од 1945 година.  Ма не е Божидар крив…

Тоа што историјата ќе ги има сите факти за Јаневски нема да ги направи неговите романи и поезија безначајни. Оној кој ги цени, пак ќе ги цени, но генерациите мора да ја знаат вистината, а не митот за Славко. Тој го доби местото на пиедасталот, а многумина благодарение на него го изгубија. А можеби беа и повредни и позначајни.

Марјан Николовски – Новинар,
Колумна за Денешен

најчитано сега